Спорт
(Видео) Арсенал не успеа да победи во Брајтон

Арсенал и Брајтон ремизираа 1:1 во 20. коло од Премиер лигата.
Брајтон успеа да остане непоразен и да го забележи своето четврто реми по ред, додека Арсенал ја прекина серијата од четири победи во сите натпреварувања.
„Топчиите“ сепак нема да бидат задоволни, по ова реми со два натпревари повеќе имаат пет бода помалку од лидерот Ливерпул.
Се чинеше дека Арсенал ќе победи на „Амекс“ стадионот во Брајтон. Поведе во 16. минута преку тинејџерот Нванери, по феноменалната соло серија.
Сепак, тој гол во раната фаза од натпреварот како да не им требаше на фудбалерите на Арсенал. Зошто? Бидејќи од тој момент започнаа да „крадат“ од времето.
Казната за таквата определба Арсенал го стигна во 61.минута кога Жоао Педро најпрвин избори пенал, а потоа и го претвори во гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.
Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.
Спорт
Влаховиќ прави трансфер во Баерн Минхен?

Душан Влаховиќ ја започна сезоната во голема форма со Јувентус, но се чини дека неговото заминување од клубот од Торино е само прашање на време.
Алегри го посакуваше Србинот во своите редови на „Сан Сиро“, но трансферот не се реализираше. И Диего Симеоне го имаше Влаховиќ на радарот, но и од тоа не произлезе ништо.
Според доверливите информации на германскиот „Билд“, Влаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.Тој ќе се пресели во редовите на баварскиот гигант сосема бесплатно, откако неговиот договор со Јувентус истекува на 1 јули 2026 година.
Пред Јувентус, Влаховиќ настапуваше за Фиорентина и за Партизан.