Спорт
(Видео) ПСЖ го освои Суперкупот на Франција

ПСЖ славеше во борбата за трофејот во Суперкупот на Франција, против Монако, Натпреварот се одигра на стадионот „974“ во Диха.
Од 2013 година, ПСЖ има освоено 11 трофеи во Суперкупот на Франција, вклучувајќи го денешниот, освоен против Монако, во финишот на натпреварот.
„Светците“ не дозволија мечот да биде решен во пенал-рулетот. Во втората минута од судиското надополнување на времето, Дембеле ја искористи перфектната асистенција на Руиз.
ПСЖ беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, но во голот на Монако блескаше швајцарскиот голман Филип Кон. Тој ги одбрани првите девет удари кои одеа кон неговиот гол.
Инаку, од 2009 година, финалето на Суперкупот речиси редовно се игра надвор од Франција. Од 2009 до вечерва, Суперкупот не се играше двапати, во 2020 и 2023 година.
Домаќин на турнирот првпат беше Катар, а претходно се играше во Канада (два пати), Тунис, Мароко (двапати), САД, Габон, Кина (три пати), Австрија и Израел (два пати).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.