Спорт
Опозицијата бара оставка од Лапорта

Во Фудбалскиот клуб Барселона во последните денови е турбулентно, а се чини дека допрва следува вистинска бура. Опозицијата бара оставки од актуелното раководство.
Групата што се спротивставува на сегашното раководство на фудбалскиот клуб Барселона, предводена од Џоан Лапорта, бара итна оставка од актуелниот претседател, пишуваат шпанските медиуми, на кои им бил даден документ во кој се наведени причините зошто Лапорта повеќе не треба да биде претседател на клубот. .
Меѓу потписниците на објавата се и групите “Yes to the tuture” која ја преставува бизнисменот Виктор Фонт (некогаш кандидат за претседател на Барса) и „ Som un clam“ чиј лидер е Џоан Кампруби, лидерот на опозицијата, кој изминативе месеци најгласниот критичар на клупската политика.
Сега повеќе од порано имаат „муниција“ да го нападнат сегашното раководство.
Овие две групи се огласија поради случаите на Дани Олмо и Пау Виктор, играчи на Барселона кои и покрај жалбите на клубот не беа пријавени за натпревари во вториот дел од сезоната.
Опозиционерите за ваквиот епилог го обвинуваат актуелното раководство.
Не се задоволни ниту од одлуката на Лапорта да стави вето на доаѓањето на Томас Ертел во кошаркарскиот клуб, иако на клубот очајно му треба плејмејкер.
'El Barça que volem. Estimar el Barça' pic.twitter.com/UBpJMkpATp
— Sí al Futur (@sialfutur) January 5, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.