Спорт
Рој Кин: Трент во Реал? Ако вака игра во одбраната ќе оди во Транмере

Легендарниот Рој Кин во својата анализа на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед на „Скај Спортс“ во свој стил упати низа критики на сметка на фудбалерот на „црвените“ Трент Александер-Арнолд.
Најголемото дерби во англискиот фудбал заврши нерешено 2:2, а грешките на Арнолд беа особено забележливи. .
„Трент Александер-Арнолд треба да се надева дека Реал Мадрид не го гледа ова, подобро ќе му биде“, рече Рој Кин.
Тој додаде дека неговото место е во тим кој се натпреварува во четвртиот степен на англискиот фудбал, Лигата 2.
„Зборуваме за тоа колку е брилијантен Трент, а тој игра одбрана како младинец. По начинот на кој играше во одбраната, може да оди во Транмере Роверс“.
За работите да бидат полуди, се огласија од Транмере на социјалните мрежи.
„Трент во Транмере, Рој? Не, добри сме ние, благодариме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.