Свет
Бајден: Трамп сака да го укине државјанството по раѓање на територијата на САД, тоа е страшно

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека смета дека е ужасно што новоизбраниот претседател Доналд Трамп се обидува да стави крај на државјанството добиено по раѓање во Соединетите држави. Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека транзицијата кон администрацијата на Трамп се чини дека се одвива без проблеми, но тој исто така мисли дека има внатрешен проблем со тимот на Трамп поврзан со предавањето.
Запрашан пред годишнината од нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година дали тој сè уште мисли дека Трамп е закана за демократијата, Бајден рече дека мисли дека тоа што го направи Трамп е „вистинска закана за демократијата“. Трамп лажно тврдеше дека победил на изборите во 2020 година и ги повика своите приврзаници да одат кон Капитол тој ден. „Мислам дека не треба да се заборави“, рече Бајден за 6 јануари.
Бајден рече дека надмоќта на белата раса е една од многуте закани за Соединетите држави. „Ние сме најсеопфатната мултикултурна нација во светот. Затоа сме толку силни. Тоа е причината зашто сме тоа што сме“, рече Бајден.
Трамп минатиот месец изјави за Ен-би-си дека планира да преземе извршни дејствија на неговиот прв ден на функцијата за да се обиде да го укине државјанството по раѓање, кое дава државјанство на секој роден во САД, без оглед на имиграцискиот статус на нивните родители.
„Идејата дека ќе промениме уставно право по раѓање – ако си роден во земјата… не си граѓанин? Што се случува“, праша Бајден.
Бајден, демократ, го критикуваше Трамп, републиканец, што ги повика пратениците да не гласаат за двопартиски нацрт-закон за имиграција што Бајден го поддржа за зајакнување на надзорот на границите. „Тоа е смешно. Тоа е смешно“, рече Бајден.
Трамп ја искористи имиграцијата како клучно прашање за да ја собере својата база на изборите во 2024 година, на кои победи, победувајќи ја потпретседателката Камала Харис, демократската претседателска кандидатка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев.
– Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи, напиша Зеленски на платформата Х.
Зеленски во објавата не дава никави назнаки дали и Украина ќе го прекине огнот за Велигден.
Рускиот претседател Владимир Путин попладнево објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објави Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Свет
Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Путин истакнал дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Москва очекува украинската страна да го следи нивниот пример. Киев сè уште официјално не го коментираше прогласеното примирје.
Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.