Спорт
Ливерпул е подготвен да го продаде Дарвин Нуњез
Ливерпул е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија во понеделникот британските медиуми.
Иако ги чинеше 100 милиони евра (со бонуси) кога пристигна од Бенфика во 2022 година, управата на „црвените“ би била среќна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските дневни весници.
Уругвајскиот интернационалец не се вклопи во плановите на тренерот Слот, чиј супермодерен фудбал го воодушеви светот.
Во оваа напредна фудбалска шема, напаѓачката тројка, која ги „малтретира“ противниците, ја сочинуваат Коди Гакпо, Мохамед Салах и Луис Дијаз, додека Нуњез во игра најмногу влегува од клупата за резерви.
Меѓу оние кои би можеле да бидат заинтересирани за Нуњез, според британските медиуми, е и Њукасл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Илон Маск сака да го купи Ливерпул за седум милијарди евра
Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.
Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.
„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.
Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.
Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.
Спорт
Лука Банки го презеде Анадолу Ефес
Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес донесе изненадувачка одлука, му врачи отказ на тренеорт Томислав Мијатовиќ и на наговото место го назначи Лука Банки. Интересно отпуштениот Мијатовиќ ќе остане во Ефес, ќе му биде асистент на новиот тренер.
Лука Банки бевработен беше само 32 дена. Поради лошите резултати тој доби отказ во Виртус Болоња.
Одлуката на Ефес да направи промени во стручниот штаб дојде по поразот од Бешикташ во турското првенство.
Ефес моментално има скор 10-9 во Евролигата, а Банки ќе има можност да дебитира веќе во петок против Асвел.
Спорт
Алаба се враќа во тимот на Реал
Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба ќе конкурира за место во тимот за претстојниот финален турнир во Суперкупот на Шпанија, соопшти ккубот.
Алаба беше надвор од теренот повеќе од една година откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено на 17 декември 2023 година, на натпреварот против Виљареал.
Австрискиот фудбалер мораше да оди на две операции поради повредата на коленото, а неговата рехабилитација траеше подолго од првично планираното.
Алаба (32) почна да тренира на крајот на минатата година, а тренерот на Реал, Карло Анчелоти реши да го вклучи на списокот за Суперкупот. Реал во Џеда ја брани титулата, во полуфиналрто ќе игра против Мајорка.