Спорт
Барселона не му дозволи на Фати да се пресели во Севилја

Ансу Фати во зимскиот преоден рок ќе го смени клубот. Крилниот напаѓач постигнал договор со Севилја, но првиот ловек на Барселона, Џоан Лапорта, во последен момент го стопирал трансферот.
Ансу Фати минатата сеозна ја мина на позајмица во Брајтон. Се врати во Барселона, но не успеа да се избори за место во тимот. Поради тоа реши повторно да замине на позајмица.
Фати постигнал договор со Севилја, меѓута кога од клубот решиле да стапат во контакт со Џоан Лапорта и спортискито директор Деко, тиа веднаш ја одбиле понудата.
Челниците на Барселона се бесни Севилја беше најгласна во своето противење Дани Олмо и Пу Виктор да не бидат регистрирани до крајот на сезоната.
Севилја дури најави дека ќе поднесе тужба доколку Олмо и Виктор бидат регистрирани, а тоа очигледно ги наруши односите меѓу клубовите кои најмногу ги почувствува Фати.
Барселона соопшти дека не Фати нема да и биде позајмен на Севилја и дека повеќе не сакаат да имаат никаква соработка со клубот од „Рамон Санчез Писхуан“. Лапорта му порачал на фати да бара друг клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.