Скопје
(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање.
На Бадниковите коледари од општина Илинден кои се собраа во голем број, градоначалникот им подари коледарско пакетче, им посака добро здравје и да имаат среќни празници.
Од пред Домот на култура во Илинден Бадниковите коледари се упатија кон Градскиот плоштад со цел да учествуваат на традиционалната манифестација Бадникови поворки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Нелегална градба во Козле – наместо потпокрив, си граделе станови

Инспектори во Козле открија нелегална градба. Станарите добиле одобрение зза градба за кос покрив, но наместо тоа почнале со градба на четири нови стана.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им порача на граѓаните да не влегуваат во вакви авантури затоа што инспекторите се на терен, а вложените пари ќе завршат во ветер.
„Денес, заедно со градежниот инспектор и раководителот на Инспекторатот, излеговме на терен – улица Козле бр.17. Извршивме увид на настрешница поставена на зграда со рамна плоча. Иако дел од станарите добиле одобрение за кос покрив поради наводно течење, утврдивме дека изведбата НЕ е согласно одобрениот проект! Просторот е поделен на 4 дела – со подготовки за кујни и тоалети – што јасно укажува на обид да се направат уште 4 нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот!“, објави Јакимовски на „Фејсбук“.
Тој информира дека изготвен е записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба.
„Ги повикувам граѓаните: НЕ влегувајте во вакви авантури! Ни малку не ме радува кога ќе слушнам дека некој потрошил десетици илјади евра, а притоа го прекршил законот – тие пари ќе завршат во ветер! Проектите мора да се изведуваат СТРОГО според одобрението за градба! Законите важат за сите!“, напиша Јакимовски.
Тој најави дека Општината продолжува со инспекциите, а следна на ред е зградата на улица „Никола Парапунов“ и гаражниот простор таму.
Македонија
Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата

Паркирањето во општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 18.04. (петок), 20.04. (недела) и 21.04.2025 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил.
Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, 19.04.2025 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22.04.2025 година (вторник) со вообичаено работно време.