Контакт

Култура

(Фото) 12-годишната Агнеса од Скопје ја воодушеви публиката во „Карнеги хол“

Објавено пред

На натпреварот American protege, кој се одржува секоја година во „Карнеги хол“, Њујорк, во декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.

12-годишната Агнеса настапи во бродвеј-категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.

Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во „Карнеги хол“.

Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.

Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, која ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.

Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот American Protege, а победниците беа повикани да настапат во „Карнеги хол“ во Њујорк.

Претходно, Агнеса настапи на два меѓународни натпревара во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.

Култура

Дијана Илкоска: Во светот диригирам со реномирани уметници, а во Макeдонија останав на улица!

Објавено пред

По неодамнешните медиумски натписи за случајот со неколкумина работници од НУ Филхармонија на РСМ, кои не добија продолжување на договорите, диригентка Дијана И. Илкоска испрати отворено писмо, во кое соопшти дека останала на улица, а од завчера ѝ бил забранет и пристап во зградата.

dobivaj vesti na viber

Нејзиното отворено писмо го пренесуваме во целост:

„Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјата и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија, диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници, како Џошуа Бел (добитник на Греми-награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот ‘Шопен натпревар’), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот ‘Цинандали’ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти, како Клаудио Вандели (шеф-диригент на Wurth Philharmoniker, основач на младинскиот оркестар ‘Пан-Кавказки’ и уметнички директор на светскиот фестивал ‘Вербие’ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на ‘Оскарите’, Барбара Стрејсенд, ‘Музички идол’, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент, кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на ID chamber orchestra, со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика – ОСТАНАВ НА УЛИЦА!

Се вработив во НУ Филхармонија на РСМ во јули 2022 година на местото стручен соработник за музичка архива – нототекар, работна позиција за која се согласувам дека сум преквалификувана во согласност со моето образование и професионално портфолио, како и моето досегашно искуство и кариера како диригент. Но, кога се поништи местото диригент во систематизацијата на Филхармонијата во 2019 година, решив да прифатам вработување на работното место нототекар во оваа институција на местото на пензиониран колега (не специјално отворено работно место за мене) поради мојата желба во таа институција да напредувам и да го дадам својот максимум како работник, но и како музичар и уметник. Изминативе две години (од 2022 до 2024 година) мојот договор се засноваше на определено време и се продолжуваше со анекс кон договорот секоја календарска година. Според Законот за работните односи, член 46, став 3, договорот за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време ако работникот работи повеќе од две години на работното место, кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства доколку работодавецот утврди дека има трајна потреба од работникот. Со оглед на оваа одредба од законот и горенаведените услови, кои ги исполнувам, поднесов писмено барање до Филхармонијата мојот договор да се трансформира на неопределено време, а по истекување на рокот предвиден за одговор на моето барање, откога не добив никаков одговор од институцијата, почната е судска постапка меѓу мене и институцијата, која е сѐ уште во тек и која е некаква гаранција за моето враќање на работното место таму. Филхармонијата, свесна за сето ова, не само што не побарала трансформација на мојот работен однос на неопределено време (со што тужбата би била повлечена веднаш и би се избегнале големите финансиски трошоци за институцијата во случај пресудата да биде во моја корист), туку, наместо тоа, побарала од Министерството за култура и туризам повторно продолжување со анекс-договор на определено време. Истовремено, не го предвидува моето работно место во планот за вработувања за 2025 година.

Замислете, бара јас да продолжам да работам, но не ме планира во годишниот план за работни места. Каква е оваа небулоза? Каков е овој контрадикторен пропуст и како настанал? Филхармонијата не ги прави овие договори и годишни планови сефте. Всушност, токму овој пропуст е причина за одбивањето финансиска согласност од страна на ресорните министерства.

Откога побарав образложение од Филхармонијата зошто е така постапено, првично не добив одговор поради тоа што бил во тек судски спор, а во понатамошен разговор ми беше посочено дека не ги исполнувам критериумите за трансформација на мојот работен однос бидејќи работодавецот немал трајна потреба од работникот. Уште една небулоза! Се бара продолжување, но нема потреба од работното место, а го нема ни во планот! Згора на сѐ, од завчера забранет ми беше и пристапот во зградата (како некој што не работи повеќе во таа институција), освен со специјално одобрение од службено лице задолжено за обезбедување. Внимавајте! Моето име и презиме стоеја бедно напишани на жолто ливче, небаре сум криминалец или, пак, човек од безбедносен ризик кон оваа институција во која до вчера ги услужував сите вработени со нотен материјал и за која се вложив максимално – физички и емотивно. Одеднаш претставувам опасност за безбедноста на институцијата и зградата! Неважно е што во таа зграда, без специјални дозволи, секојдневно слободно влегуваат, излегуваат, циркулираат (дури и паркираат возила) лица што со години не се во работен однос во институцијата или никогаш не ни биле – важно е да се забрани влезот на Дијана.

Го поздравувам тоа – Филхармонијата треба да биде отворена институција во која културно ќе може да се изразат сите уметници бидејќи не е ничија лична сопственост. Затоа барам од надлежните и од Синдикатот на културата (СКРМ) да го разгледа овој случај подетаљно и да побара одговори од институцијата за сторената неправда – нека биде што побргу додека овој однос не се претворил во нормална појава, па утре некој друг работник или уметник да си го прочита името на некое осамнато жолто ливче.

Во меѓувреме, продолжува мојата и егзистенцијалната борба на моето семејство преку сите достапни законски механизми, а продолжува и мојата уметничка работа преку која ја афирмирам македонската култура на реномирани сцени во светот и дома – тоа не може да ми го одземе никој. Во оваа институција не оставив ништо, освен огромен труд и пожртвуваност, секогаш навремено извршувајќи ги задачите што ми беа предвидени во описот на работното место и притоа за овие две и пол години никогаш ниту сум задоцнила ниту сум побарала ослободување и ниеднаш не сум користела боледување и извршувајќи многу други работи што не ми беа во описот на работното место, но ги правев со огромна волја и љубов, како, на пример: сум диригирала неколку концерти, еден од нив беше прогласен за најпродаван концерт и од него институцијата имаше заработка 11.000 евра (концертот со наслов ‘Севда’ по повод Денот на вљубените во 2023 година), на кој се изведуваа мои аранжмани на 13 песни од Балканот, сум издала носач на звук – ЦД, со наслов по еден од најуспешните концерти на камерниот оркестар на Филармонијата, ‘Филхармонија во срцето’, сум оставила во нејзина сопственост многу аранжмани за разни ансамбли, сценарија за детски работилници и концерти – една од тие работилници беше ‘Магичниот диригент’, работилница која тогаш се распродаваше до последно столче (исто 2023) и своевремено беше гордост на Филхармонијата, како и многу други работи, кои се со непроценлива вредност затоа што се од уметничка природа. Сето ова не го сметам за мој трошок, напротив – ова ми е само каписла што мене ме води на поинакво духовно ниво, ми носи задоволство и чистота, која понатаму мене ќе ми отвори и веќе ми отвора врати кон поубави нешта.

Покрај тоа што повеќе од една и пол година бев планирана во програмата за јубилејната 80-годишна сезона на Филхармонијата, а потоа бев сменета со странски диригент, кој ја диригира музичката програма што јас лично ја предложив, сакам да кажам дека тоа не ме обесхрабрува да ја продолжам својата уметничка работа успешно со странски и други домашни оркестри и ансамбли.

На крајот, се поставува прашањето до кога политиката на оваа куќа лошо ќе се одразува врз интересот на публиката, квалитетот и изведбата на програмата, како и отсуството на стабилна и долготрајна стратегија за развој на културната сцена поради неколкумина луѓе што си играат богови?“, се вели во писмото на Илковска.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавувањето на номинациите за „Оскар“ одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес

Објавено пред

Пожарите што беснеат во Калифорнија ја погодија и филмската заедница, а голем број настани, како што се објавувањето на номинациите за „Оскар“ и наградите за избор на критичарите, беа одложени поради катастрофата.

dobivaj vesti na viber

Американската академија за филмски уметности и науки соопшти дека објавувањето на номинациите за 97. доделување на наградите „Оскар“ ќе се одложи за два дена поради катастрофалните пожари, кои ја зафатија областа Лос Анџелес.

Според официјалното соопштение на Академијата, гласањето за номинации, кое почна на 8 јануари, е продолжено до 14 јануари. Објавувањето на номинациите, првично планирано за 17 јануари, е одложено за 19 јануари. Самата церемонија на „Оскарите“, чиј водител е Конан О’Брајан, сè уште е закажана за 2 март 2025 година.

Пожарите исто така резултираа со откажување на гала-ручекот на наградите АФИ и настанот за чајна забава БАФТА. Откажани се и премиерите на филмовите Unstoppable и Wolf Man, како и премиерите на Better Man и The Pitt. Доделувањето на наградите „Критикс чоис“ е одложено од 12 јануари на 26 јануари поради новонастанатата ситуација.

Пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се покажаа како исклучително деструктивни. Според последните извештаи, потврдени се пет смртни случаи, а повеќе од 1.100 дома се уништени. Од речиси 10.000 члена на Академијата, приближно 6.000 живеат во јужна Калифорнија, што го објаснува значителното влијание на оваа катастрофа врз филмската заедница.

Бил Крамер, извршен директор на Академијата за филмски уметности и науки, изрази длабока загриженост: „Сакаме да им изразиме длабоко сочувство на сите оние што се погодени од разорните пожари во јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес и нашите мисли се со нив“.

Како одговор на кризната состојба, Академијата воведе неколку алтернативни решенија. Виртуелните состаноци ги заменија откажаните презентации во живо, сите филмови од потесниот избор станаа достапни преку Собата за прикажување на Академијата (ASR), а меѓународните филмови продолжуваат да се прикажуваат според планираното во Њујорк и Лондон.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина писателот Наум Бајо

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија со жалење информира дека денес почина писателот и новинар и публицист Наум Бајо (30.4.1943 – 8.1.2025), роден на 30 април 1943 во Долна Белица, Струшко.

dobivaj vesti na viber

Наум Бајо беше член на ДПМ од 2001 година. Помеѓу другите дела, автор е на романите „Живот“ (1994), „Црвените птици над Рим“ (1995), „Часовник од цвеќе“ (1997), „Камено сонце“ (2001).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија3 часа

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија4 часа

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија4 часа

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија4 часа

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет6 часа

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет6 часа

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет8 часа

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет8 часа

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...

Свет8 часа

(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, а пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да...

Македонија20 часа

Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип....

Регион20 часа

Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот...

Македонија21 час

Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство

Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа. Груби на универзитетот...

Македонија23 часа

Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се...

Топ1 ден

Кривична против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, го оштетил Буџетот на МВР за над 926 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелациите: Очекувам напади што ќе поттикнат меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и неуспешно

Неуспешен обид за интерпелација на петмина функционери во Собранието очекува премиерот Христијан Мицкоски. Собранието в петок почнува со работа, а...

Регион1 ден

„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките медиуми, човекот...