Спорт
Два натпревара суспензија за Винисиус Жуниор
Винисиус Жуниор е суспендиран на два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1.
Во 80. минута при водство на Валенсија од 1:0, крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри противничкиот голман Столе Димитриевски.
Бразилецот потоа се расправаше со судиите, а соиграчите едвај успеаја да го смират. Реал Мадрид најави жалба на суспензијата на Вини бидејќи тврдат дека тој само одговорил на нападот на Димитревски.
Сè додека ова не се реши, гореспоменатата казна останува во сила за еден од најдобрите играчи на денешницата. Суспензијата ќе ја одработи во Ла Лига против Лас Палмас и Ваљадолид.
Бразилецот може да игра во шпанскиот Суперкуп кој од среда се игра во Саудиска Арабија. Винисиус во четврток ќе игра против Мајорка. Реал доколку победи, во финалето ќе се соочи со победникот од пресметката Барселона-Атлетико Билбао.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Глупаво е што го играме Суперкупот во Саудиска Арабија“
Инаки Вилијамс (30), капитенот на Атлетик Билбао, е легенда на баскискиот клуб со 447 настапи и 108 голови за актуелниот освојувач на Купот на кралот.
Инаку, Шпанија веќе неколку години го организира Суперкупот во Саудиска Арабија. Се игра турнир меѓу четири екипи. Во минатото за трофејот се бореа атуелниот шампион и победникот во Купот.
Атлетик, вчера го одигра мечот во полуфиналето против Барселона и загуби со 2:0. Вечерва во второто полуфинале ќе се сретнат Реал и Мајорка.
„Срамота е ваквите атрактивни натпревари меѓу шпанските клубови да се играат на другата страна на светот и без наши навивачи“, рече Вилијамс и дополни.
„Поточно, тука ги имаше неколку, но тоа е занемарлива бројка. Да се играше во Шпанија, стадионот ќе беше полн со наши навивачи. Срамота е што мораме да патуваме илјадници километри подалеку од нашата земја, навивачите и семејството за шпанскиот Суперкуп. Мислам дека е глупост што ова натпреварување го играме во Саудиска Арабија, но таков е сега фудбалот. И за мене тоа е срам и штета“.
Спорт
Вулверхемптон донесе засилување од Ремс
Поранешниот играч на Ремс и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Емануел Агбаду, потпиша договор со Вулверхемптон, потврдија од премиерлигашот.
Од клубот изјавија дека Агбаду потпишал договор со Вулверхемптон до јуни 2029 година со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Агбаду играше за ремас од 2022 година, а претходно играше за Еупен и Монастир. Тој одигра 76 натпревари за францускиот тим сите натпреварувања.
Вулверхемптон моментално е на 17. место со 16 бодови по 20 одиграни кола.
Спорт
Капитенот ќе го продолжи договорот со Милан
Милан ќе му го продолжи договорот на капитенот Тео Ернандез.
Францускиот репрезентативец ќе потпише договор до 2029 година. Ќе добие и покаќување на платата, со новиот договор годишно ќе заработува помеѓи шест и шет ипол милиони евра.
Левиот бек му се приклучи на Милан во 2019 година, има одиграно 235 натпревари, постигна 32 гола и забележа 42 асистенции.
Тој беше еден од стрелците во финалето на Суперкупот против Интер, постигна гол за 1-2 од слободен удар со што го најави спектакуларниотт пресврт.. Со Милан ја освои и шампионската титула во 2022 година.