Спорт
Нејмар: Би било интересно повторно да играм заедно со Меси и Суарез
Фудбалерот на Ал Хилал Нејмар изјави дека е задоволен од тоа како се одвива неговата кариера и истакна дека е среќен во Саудиска Арабија.
Нејмар пристигна во Ал Хилал во 2023 година од Пари Сен Жермен. За клубот од Ријад одигра само седум натпревари поради проблеми со повредите.
Нејмар не ја отфрли можноста повторно да заигра со Лионел Меси и Луис Суарез, кои сега се членови на Интер Мајами. Бразилецот во Барселона играше со Меси и Суарез.
„Би било неверојатно повторно да играм со Меси и Суарез. Тие се мои пријатели, сè уште сме во контакт. Би било интересно да се ‘оживее’ тоа трио. Среќен сум во Ал Хилал, среќен сум во Саудиска Арабија, но кој знае фудбалот е полн со изненадувања“, изјави Нејмар.
„Кога се појави веста дека заминувам од ПСЖ, преодниот рок во САД беше затворен, па ја немав таа опција. Проектот што ми беше понуден во Саудиска Арабија беше многу добар, не само за мене, туку и за моето семејство. Значи трансферот во Саудиска Арабија беше најдобрата опција“, додаде бразилскиот фудбалер.
Нејмар за бразилската репрезентација одигра 128 натпревари и постигна 79 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џака со жестоки свирежи пречекан Приштина
Фудбалската репрезентација на Швајцарија, во Приштина го потврди пласманот на Светското првенство, во натпревар кој што поскоро ќе сака да го заборави капитенот на тимот, Гранит Џака.
Натпреварот од последното квалификациско коло меѓу Косово и Швајцарија заврши со резултат 1:1, што беше доволно за Швајцарците директно да се квалификуваат на Светското првенство.
Пред почетокот на натпреварот, Гранит Џака доби громогласни свирежи од стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
По натпреварот, Џака влезе во конфликт со таканаречениот водач на навивачите на косовската репрезентација, Лулзим Бериша, за на крајот фудбалерот на Сандерленд да каже колку му бил тежок овој гест на навивачите.
„Овие свирежи болат. Тоа е последното нешто што го очекував, особено тука дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем имам поддршка од навивачите на Швајцарија“, рече Гранит Џака.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Познати се „шеширите“ за ждрепката за Светското првенство
Познати се 42 учесници на претстојното Светско првенство. Останатите шест репрезентации ќе ги дознаеме на 31. март, кога ќе се одиграат финалните натпревари во европскиот и интерконтиненталниот бараж.
Баражите нема да сменат ништо кога се во прашање шеширите за извлекувањето на групите на Светското првенство.
Победниците од плејофот ќе бидат во четвртиот шешир, додека трите најсилни се веќе комплетирани.
Шешир 1:
САД
Мексико
Канада
Шпанија
Аргентина
Франција
Англија
Португалија
Бразил
Холандија
Белгија
Германија
Шешир 2:
Хрватска
Мароко
Колумбија
Уругвај
Швајцарија
Јапонија
Сенегал
Иран
Јужна Кореја
Еквадор
Австрија
Австралија
Шешир 3:
Панама
Норвешка
Египет
Алжир
Шкотска
Парагвај
Брегот на Слоновата Коска
Тунис
Узбекистан
Катар
Саудиска Арабија
Јужна Африка
Шешир 4:
Јордан
Зеленортски острови
Гана
Курасао
Хаити
Нов Зеланд
Победник во европскиот плејоф 1
Победник во европскиот плејоф 2
Победник во европскиот плејоф 3
Победник во европскиот плејоф 4
Победник во интерконтиненталниот бараж 1
Победник во интерконтиненталниот бараж 2
Ждрепката за групите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе се одржи на 5.декември, во Центарот Кенеди во Вашингтон.
Спорт
Робертсон во солзи: Цел ден мислев на Диого Жота, знам дека ме гледа и се смее што го остварив сонот
Фудбалската репрезентација на Шкотска, во фантастичен меч ја победи Данска со 4:2 и се пласира на Светското првенство. Шкотите славеа во Глазгов со спектакуларните голови на Тирни и Меклин во 93-та и 97-та минута од натпреварот.
Со солзи во очите, капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, го прослави пласманот на Мундијалот. Пред новинарите се сети на својот голем пријател, Диого Жота.
„Тој беше мојот најдобар пријател во животот. Лик што го сакав и ми недостига секој момент од мојот живот. Беше толку нормален, толку реалистичен, полн со љубов и топлина. Секогаш се шегувавме дека е добродушен како Ирец или Шкотланѓанец Го викав Диого МекЖота“, рече Робертосон и продолжи со солзи во очите.
„Не можев да го извадам Диого од глава. Цел натпревар, цел ден… само тој. Постојано размислував за нашите разговори за Светското првенство. Ова можеби беше мојата последна шанса да одам на Светско првенство. И знам дека некаде во моментов ме гледа и се смее затоа што го остварив најголемиот неостварен сон во мојот живот. Сакав да бидам силен пред момците, но внатре… се распаѓав. Многу ми е драго што заврши вака.“
„Едвај чекам да се вратам во Ливерпул и да испијам чаша вино со татко ми, мислам дека конечно ќе биде среќен за нешто што сум го направил во мојот живот“, заврши капитенот на Шкотска.
Foto/ EPA

