Црна хроника
Уапсен 40-годишник: ограбувал викендички во Радовиш
Вчера во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 40-годишниот С.Ј. од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците.
С.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен „пасат“ во Катланово, нема повредени лица
Денеска во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48).
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Машко лице се самозадоволувало пред малолетнички во Скопско, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго скопско село, едно лице ги следело со возило и се самозадоволувало пред неговата малолетна ќерка и нејзина другарка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.