Скопје
Орце Ѓорѓиевски: Инвестициите во најмладите се наша директна инвестиција во иднината
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска ги посети градинките низ територијата на општината од каде што информираше дека годината ја започнува со инвестиции во раниот детски развој.
Како што изјави, набавени се нови јаслени креветчиња за сите градинки, како и нови постелнини и јоргани. Набавена е и нова кујнска опрема и машини за перење и сушење, како и пречистувачи на воздух.

„Оваа година, како и сите претходни, ја започнуваме со огромен фокус во обезбедување на поквалитетни услови за развој на нашите најмлади жители.
Инвестираме во унапредувањето на условите во постоечките градинки, но работиме и на изградба на нови, бидејќи раниот детски развој е исклучително важен за нас како локална самоуправа.
Со особена гордост сакам да информирам дека обезбедени се нови јаслени креветчиња за сите објекти на градинките на територијата на Кисела Вода, како и нови постелнини и јоргани.
Понатаму, набавени се и нови материјали за работа на дечињата кои ги посетуваат градинките, што ќе обезбедат подобра игра и развој на најмладите.
Интервениравме и во делот на обнова на кујните со набавка на нова и современа кујнска опрема, како и нови машини за перење и сушење.

За нашите цврсти заложби за заштита на здравјето на идните генерации и создавање на здрави еколошки навики, говори и опремувањето со пречистувачи на воздух, кои значително ќе помогнат во намалувањето на штетните честички во просториите каде децата го поминуваат поголемиот дел од денот.
Секое дете заслужува право на квалитетно предучилишно образование и тоа е наша обврска, но и силна желба да го овозможиме.
Продолжуваме со посветеност и визија понатаму, затоа што нашите најмлади, но и нашето општество тоа го заслужуваат“, изјави Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

