Свет
(Видео) Пожарникарите во Калифорнија работат во смени до 48 часа: „Во моментов сите се на милост и немилост на ветрот“
Претседателот на Сојузот на професионалните пожарникари во Калифорнија, Брајан Рајс, рече дека се справуваат со налетите на ветерот од 130 километри на час.
„Не можеме да го контролираме тоа“, нагласи тој.
This is Malibu on the PCH. A hellscape. So many homes are on fire it’s unusual to see a home that is not. pic.twitter.com/zWwlnvq0lX
— Jonathan Vigliotti 🐋 (@JonVigliotti) January 8, 2025
Пожарникарите би можеле да работат во смени до 48 часа, најави претседателот на синдикатот.
„Овие мажи и жени ќе работат 24, 36, 40, 48-часовни смени. Нема да ги напуштиме опожарените места набргу. Во моментот сите се на милост и немилост на ветрот. И додека не видиме промена или слабеење од ветрот, нема да можеме да се опуштиме“, рече тој.
Two men and their dog were seen trapped as Palisades fire surrounded their home in Los Angeles.
They safely evacuated with the dog.pic.twitter.com/cfF2jpkKDN
— Oliya Scootercaster 🛴 (@ScooterCasterNY) January 8, 2025
Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот, потврди дека 25-годишната жена пожарникар добила сериозна повреда на главата и била пренесена во локална болница.
Тој изјави дека неколку граѓани добиле изгореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

