Регион
(Видео) „Ноќните волци“ на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

На улиците на Бања Лука, како дел од парадата организирана од властите на Република Српска по повод одбележувањето на 9 јануари како ден на тој ентитет, се појавија членовите на контроверзната руска мото група „Ноќни волци“ пишува Кликс.ба.
Članovi Moto kluba Noćni vukovi na defileu povodom neustavnog dana Republike Srpske u Banjoj Luci. Oficijelni spiker je tokom defilea saopćio da je član Noćnih vukova ruski predsjednik Vladimir Putin. Pored zvaničnika RS, defileu prisustvuju potpredsjednik Vlade Srbije Aleksandar… pic.twitter.com/wcvhl61v8X
— Istraga.ba (@IstragaB) January 9, 2025
Парадата, која се одржа на главната градска улица, ги собра членовите на Министерството за внатрешни работи на РС, ученици, студенти и разни граѓански здруженија.
Paradi prisustvuju ambasador Rusije, potpredsjednik Srbije Aleksandar Vulin i članovi ruskog moto kluba Noćni vukovi koji su pod EU sankcijama.
Više o Noćnim vukovima: https://t.co/62ImSrJBha pic.twitter.com/2lhZY2m0Jw
— Detektor.ba (BIRN BiH) (@detektor_ba) January 9, 2025
Сепак, присуството на Ноќните волци привлече особено внимание, најмногу поради нивната репутација, според Кликс.
Ruski Noćni vukovi u Banja Luci nosili zastave s Putinovim likom! pic.twitter.com/uFD4lcrRm1
— Vijesti.ba (@Vijesti_ba) January 9, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поради силни ветрови, во прекин фериботскиот сообраќај во Грција

Фериботскиот сообраќај во Егејското Море во Грција денес беше прекинат поради силни ветрови, кои достигнаа брзина од 60 километри на час, поради што илјадници туристи не можеа да одат до своите планирани дестинации.
Забраната за пловидба, која ќе биде во сила денес најмалку до 13 часот по локално време, важи во сите поголеми пристаништа во Атика, а само фериботите на неколку линии во областа Аргосароникос сè уште пловат, објавува „Јуроњуз“.
Пристанишните власти чекаат ветерот да стивне за да може да се укине забраната за пловидба.
Пловењето кон островите Киклади беше прекинато во пристаништето Рафина иако екскурзиите до Мармарис на островот Кос продолжија според планот.
Фериботите не сообраќаат од Пиреја, а пловидбата во пристаништето Лаврио е прекината во правец на Китнос и Агиос Маринас и Неа Стира.
Илјадници патници не можеа да го почнат своето патување утрово поради прекин на пловидбата и чекаат да одат на своите дестинации.
Грчката крајбрежна стража им советува на патниците да се консултираат со компанијата чиј ферибот треба да ги превезува кога ќе бидат можни нови поаѓања, како и да ги избегнуваат пристаништата на кои се појавил сообраќаен метеж.
Метеоролошката служба прогнозира дека силните ветрови ќе траат најмалку до недела, што би можело да влијае на фериботскиот сообраќај.
Поради оваа причина, властите им препорачаа на туристите да стапат во контакт со локалните пристанишни власти и компании пред да заминат.
Регион
Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.