Забава
Куќата каде што е основана AC/DC е урната по грешка: новиот сопственик не бил свесен за нејзината историја
 
																								
												
												
											Сместена во предградието Бурвуд во Сиднеј, оваа куќа долго време е место посетено од обожаватели на бендот од целиот свет.
Малколм и Ангус Јанг од AC/DC живееле во оваа куќа како тинејџери кои формирале сопствен бенд со нивниот брат Џорџ Јанг, гитарист на популарната рок група Easybeats. Нивното семејство мигрирало во Австралија од Шкотска, а во 1965 година се преселиле на улицата Бурли.
Семејната куќа ја купил градежен изведувач во март 2023 година за 5,8 милиони австралиски долари, а минатиот месец тој одлучил да ја урне. Дури откако куќата била урната, градежната компанија „Бурвуд Сквер“ го утврдила културното значење на оваа куќа.
„Историската врска со AC/DC не беше навремено воспоставена и жалиме што претходниот долгогодишен сопственик не ја сподели оваа информација со нас. Иако не можеме да го промениме минатото, ние сме посветени да го славиме овој значаен дел од приказната на бендот“, рече генералниот директор на оваа компанија, Леон Камита.
Планирано е на земјиштето на кое некогаш стоела оваа куќа да се изгради кула од 50 ката со 120 соби и 48 апартмани.
Иако оваа куќа беше наведена во австралискиот национален регистар во 2013 година, таа не ја доби заштитата што требаше за да се спречи уривање. Советот на Бурвуд спроведе преглед во 2015 година за да утврди дали куќата треба да биде на листата на наследство. На крајот, тие изјавија дека не е препорачливо додавањето на куќата на листата на наследство бидејќи, како што тврдат, „периодот на престој на членовите на AC/DC бил прекраток за да биде релевантен за нивниот живот и работа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
(Видео) Интернетот „гори“ поради фотографија од Викторија Бекам и нејзината лажна чанта
 
														Стара фотографија од Викторија и Дејвид Бекам стана вирална. Познатата модна дизајнерка откри во подкастот „Call Her Daddy“ дека чантата што ја носела на почетокот на 2000-тите не била оригиналната.
Коментирајќи ги старите фотографии, Викторија одвои еден момент детално да објасни една конкретна облека што ја носела на почетокот на 2000-тите.
На фотографијата таа носи монохроматски фустан и чанта од Луј Витон што совршено одговараат на стилот.
@callherdaddy They almost had me fooled 🤣
Сепак…
„Не беше вистинска чанта од Луј Витон“, призна таа, додавајќи. „Пазаревме на улицата Бонд и беше лажна.“
„Марк Џејкобс, кој во тоа време беше креативен директор на куќата, ме контактираше откако ја виде фотографијата. Рече: Ќе ти ја пратам вистинската“, кажа Викторија низ смеа.
Нејзиното искрено признание предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Ова е толку искрено од нејзина страна!“, „После ова признание, ми се допаѓа уште повеќе“, „Ако Викторија Бекам носи лажна облека, зошто да не и јас? Хаха“, „Таа е толку неверојатна“, „Кралица“, се само некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Никол Шерцингер во гламурозна креација мами воздишки
 
														Настанот, наречен „Variety Power of Women“, се одржува секоја година во чест на силните жени кои успеале да направат значајна промена преку нивниот општествен ангажман.
За разлика од Сидни Свини и Шерон Стоун, кои беа синоним за чист сексапил, Никол Шерцингер покажа чист гламур на црвениот тепих.
NICOLE SCHERZINGER at Variety 2025 Power of Women in Beverly Hills 10/29/2025
Click to watch more: https://t.co/SDPkdokr6p pic.twitter.com/UXqHxoCyRE— I am watching u 🙂 (@netiblogpro) October 30, 2025
Пејачката, која стана позната по улогата на Норма Дезмонд во мјузиклот „Sunset Boulevard“, носеше виолетова тоалета која го прегрнуваше нејзиното витко тело.
Креацијата е потпишана од индискиот дизајнер Гаурав Гупта, а е украсена со длабок шлиц кој открива витки нозе, како и деколте кое ги нагласува нејзините гради и рамена.
Својот стил го комплетираше со шминка во природни тонови, а кога станува збор за фризурата, избра висока пунџа која ги истакнуваше нејзините природно убави црти на лицето.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Не остави ништо на имагинацијата: најсексипилната русокоса ги покажа своите гради
 
														Една од најпопуларните млади актерки на денешницата, Сидни Свини, за која се вели дека има и најубави гради, деновиве е во центарот на вниманието, делумно поради големата промена во нејзиниот имиџ, делумно поради нејзиниот љубовен живот, а делумно поради провокативните комбинации на кои јавноста веќе е навикната.
Токму кога помисливме дека ќе „направи пауза“ од покажувањето на градите некое време, таа се врати во препознатлив фустан – целосно проѕирен кој буквално покажува сè под него.
Sydney Sweeney absolutely shines in a sheer silver gown at Variety's 2025 Power of Women event! ✨ The iconic sheer look and her sleek blonde bob stole the spotlight. She's a true fashion powerhouse! pic.twitter.com/OpdMMRe9A9
— Flick Hero (@Kiran_PsyFlick) October 30, 2025
Градите на познатата русокоса се повторно во центарот на вниманието, а во овој смел фустан се појави на настанот „Variety’s 2025 Power of Women“ што се одржа во Беверли Хилс, каде што го промовираше и својот нов филм „Кристи“.
На црвениот тепих, таа позираше во сребрен, проѕирен фустан кој малку покриваше. Станува збор за парче од дизајнерот Кристијан Кован од пролетната колекција 2026 година.
#SydneySweeney at Variety's 2025 Power of Women Los Angelespic.twitter.com/IuPT0yAC2E
— Being Shivam (@beingshivam_90) October 30, 2025
Горниот дел од фустанот, со своите лелеави, полудолги, малку спуштени ракави, паѓа лабаво на нејзината кожа и ги истакнува нејзините гради, додека креацијата е украсена со набори на половината. Долга е до подот, а Сидни ја носеше со сребрени сандали со високи потпетици од Џими Чу и накит од EFFY.
🥊 “Every one of us has our own fight.” — #SydneySweeney delivers a powerful speech at #VarietyPowerOfWomen alongside Jamie Lee Curtis, Kate Hudson & more 💖🌟 #PowerOfWomenhttps://t.co/19ugDtQjF4
— Nitesh malviya (@nitesh75malviya) October 30, 2025
Носеше шминка во земјени тонови, а пред неколку дена веќе претстави нова, ретро фризура.
фото: принтскрин


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											