Свет
Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп – Путин: „Мислам дека тоа би им одговарало и на двајцата“

Вучиќ изјави дека Србија е „земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа“ нагласувајќи ја и популарноста на Путин.
Србија во неделата официјално понуди да им биде домаќин на рускиот претседател, Владимир Путин, и новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, гарантирајќи им целосна безбедност.
Понудата ја објави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој нагласи дека Србија е официјално заинтересирана да биде домаќин на средбата Трамп – Путин бидејќи „не само што формално е надвор од воените блокови туку во суштина е надвор од двата блока, независна и суверена земја“ и исто така е „подготвен да им гарантира целосна безбедност на двајцата претседатели“.
Вучиќ на „Пинк“ посочи дека Србија е земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа нагласувајќи ја и популарноста на Путин.
„Нема земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп“, рече Вучиќ истакнувајќи дека Србија е исто така земја во која претседателот Путин останува многу популарен.
„Мислам дека тоа е место што би им одговарало и на двајцата“, рече Вучиќ.
Коментирајќи ги разговорите со американски претставници за санкциите на Вашингтон за рускиот енергетски сектор, во кој е вклучена и мнозинската нафтена индустрија на Србија, во сопственост на Русија, Вучиќ најави дека в понеделник ќе почнат нови разговори по што ќе има повеќе информации, врз основа на со кои Белград би можел да разговара со Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.