Спорт
Си ги оперирал гениталиите, објави фотографии на интернет, па доби отказ од Лацио

Лацио го отпушти Хуан Бернабеу, Шпанецот кој беше работеше и се грижеше за клупската маскота, орелот Олимпија.
Причината е бизарна, бидејќи Бернабеу на социјалните мрежи објави видеа и фотографии од неговите гениталии откако му беше вградена протеза.
„Лацио, шокиран од фотографиите и видеата на г-дин Хуан Бернабеу и изјавите, веднаш ги прекина сите односи со него со оглед на неговото однесување. Клубот е свесен за болката што ќе им ја донесе отсуството на орелот на навивачите на домашните натпревари, но невозможно е нашиот историски симбол да се поврзе со таков поединец“, објави Лацио.
„Операцијата не ме направи порно ѕвезда, имав здравствен проблем. Претседателот на клубот не лут поради фотографиите, тој е и маж“, изјави Бернабеу за „Ла Република“.
Објаснувањето не му помогна на Шпанецот и доби отказ по повеќе од десет години.
Лацио не е првиот клуб со кој соработувал. Од 2003 до 2010 година се грижеше за маскотата на Бенфика, Викторија, а во 2011 година кратко работеше со бугарскиот клуб Лудогорец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра за сезона

Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски.
За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во Саудиска Арабија, Полјакот рекол : Не.
„Мундо Депортиво“, повикувајќи се на неименуван поратал од Саудиска Арабија, објави дека понудата за Левендовски била 100.000.000 евра фиксно, плус бонуси, само за една година од договорот.
Левандовски е решен да ја нападне Лигата на шампионите со Барселона и да се обиде да ја одбрани титулата во Шпанија.
Зад оваа можност стои Пини Захави, влијателен менаџер, кој со години ја води кариерата на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Баерн, кој, како што се истакнува понатаму во текстот, ги поканил саудиските клубови повторно да се обидат во јануарскиот преоден рок или можеби следното лето.
Полјакот, Левандовски има договор со Каталонците до јуни 2026 година, со можност за обновување до летото 2027 година.
Foto/ EPA
Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас: Максимален фокус, Саудиска Арабија е сериозен ривал

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Izvot/ ffm.mk