Европа
(Видео) Украински војник: Во споредба со Севернокорејците, „вагнерците“ беа деца

Украинските безбедносни служби продолжуваат да испрашуваат двајца севернокорејски војници заробени во регионот Курск. Во меѓувреме, украинските војници, кои се борат во регионот Курск, ги опишуваат Севернокорејците – претходно наречени топовско месо, кои ќе побегнат штом стигнат на бојното поле – како вешти, бестрашни и мотивирана пешадија.
„Тие се разнесоа кога видоа дека се во опасност да бидат заробени“, изјави потполковник Јарослав Чепурни, портпарол на украинската војска, за „Политико“.
Двајца севернокорејски борци, заробени од украинските сили во саботата, се префрлени на лекување во Киев. Војниците не зборуваат ниту англиски ниту руски, па украинските специјални служби соработуваат со јужнокорејската разузнавачка агенција за да комуницираат со нив.
A North Korean soldier fires back at a Ukrainian drone. pic.twitter.com/5p2RCo7JP9
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) January 9, 2025
„Едниот од нив изрази желба да остане во Украина, а другиот сака да се врати во Кореја“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Да претпоставиме дека Ким Џонг-ун се сеќава на овие свои граѓани и дека може да организира размена за нашите воини, кои се во Русија. Во тој случај ние сме подготвени да ги префрлиме овие војници. Несомнено ќе има повеќе воени затвореници од Северна Кореја“, рече тој.
Украинските елитни сили продолжуваат да се борат против руските и севернокорејските сили за да се задржат на дел од регионот Курск, што Киев го зазеде во ненадејна офанзива во август. Украинската армија таму почна уште една контраофанзива на 5 јануари.
Речиси 12.000 севернокорејски војници наводно се вклучиле во борбата против Украина на страната на Кремљ кон крајот на октомври за да помогнат во протерувањето на Украинците од Русија. Оттогаш, Киев изгуби речиси половина од 1.250 квадратни километри, што ги освои.
Приближно 300 севернокорејски војници досега се убиени, а 2.700 се ранети во борбите против Украина, соопшти вчера јужнокорејската влада во Сеул. Бројките е тешко да се проверат бидејќи ниту Москва ниту Пјонгјанг директно не го потврди учеството на севернокорејските сили во војната.
Украинските војници тврдат дека севернокорејските борци се многу далеку од неискусни како топовско месо. „Тие се млади, мотивирани, физички подготвени, храбри и добри во ракување со мало оружје. Исто така, тие се дисциплинирани. Имаат сѐ што е потребно за добра пешадија“, нагласи Чепурњи.
Јуриј Бондар, украински војник од 80. посебна воздушна бригада, тврди дека севернокорејските војници имаат исклучителна физичка подготвеност и висок морал.
„Непријателот не се предава. Се елиминираат на ист начин, граната до глава и толку. Оние што остануваат на бојното поле се полеваат со запалива течност и се палат“, рече Бондар.
Бондар исто така потврди дека Севернокорејците поседуваат исклучително високо ниво на вештина со малото оружје и дека успешно собориле изненадувачки голем број украински беспилотни летала. „Покажуваат психолошка издржливост. Замислете, едниот трча и привлекува внимание, а другиот со насочен оган соборува дрон од заседа“, рече Бондар тврдејќи дека потценувањето на непријателот секогаш ќе води до пораз.
„Како што рече еден командант, во споредба со севернокорејските војници, платениците на ‘Вагнер’ од 2022 година се само деца. И јас му верувам“, заклучил Бондар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин
Европа
Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

Во напад со руски беспилотни летала загинаа три лица во регионот Харков во источна Украина, изјави синоќа гувернерот Олег Синегубов.
„Околу 21:30 часот по локално време, Русите го нападнаа селото Хотимља со беспилотни летала“, напиша тој на Телеграм. Во нападот загинаа двајца 40-годишни мажи и една 25-годишна жена, рече тој. Двајца други мажи се исто така повредени и хоспитализирани.
Украина: Жртвите работеле на поправки на патишта
Синегубов, исто така, рече дека некои од жртвите работеле на поправки на патишта.
Претходно во четврток, двајца украински деминери беа убиени за време на руски напад во северна Украина, во област што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата, објавија украинските власти и една невладина организација.
Руското Министерство за одбрана, од своја страна, извести за „уништување на точка за подготовка и лансирање на беспилотни летала со долг дострел што им припаѓаат на украинските вооружени сили во регионот Чернигов“, негирајќи дека жртвите биле хуманитарни работници.
Неколку предупредувања за воздушни напади беа издадени во Украина синоќа по самитот на Коалицијата на волните во Париз.
фото: принтскрин