Македонија
Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија
Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, за случајот со Илире Даути.
„Во овој контекст, интерпелацијата на претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци“, соопшти Гаши.
Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки, се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.
„До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија.
Од процедурална гледна точка ова прашање е решено. Секое друго толкување, освен ова, е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер-безбедност
Mинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025 – 2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата во сајбер-просторот.
Oваа стратегија означува пресвртница во напорите на државата да ја заштити својата дигитална инфраструктура и да изгради побезбедна, посигурна иднина за сите.
Стратегијата се донесува по тригодишен јаз без национална рамка за сајбер-безбедност, при што отсуството на сеопфатна сајбер-регулатива ја остави земјата изложена на зголемени закани. Македонија се соочи со зголемени сајбер-напади, хибридни закани, закани за бомби и кампањи за дезинформација, што ја истакнува итната потреба за координиран и стратешки пристап.
Министерот Андоновски истакна дека „Стратегијата се појавува во време кога посветеноста кон нашата дигитална инфраструктура и дигитализацијата воопшто никогаш не бил поголем. Затоа, Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025 – 2028 не треба да се сфати како реакција на предизвиците, туку како рамка што гледа напред за создавање безбедна дигитална иднина за секој граѓанин, компанија и институција во државата“.
Визијата на Стратегијата е да се изгради безбеден, флексибилен, одржлив и инклузивен дигитален екосистем, кој го поддржува економскиот раст, ги штити правата на граѓаните и ја поттикнува довербата во дигиталните технологии.
Андоновски истакна дека Стратегијата идентификува пет клучни приоритетни области, и тоа зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност, обезбедување на критичните инфраструктури и системи, градење сајбер-отпорно општество, минимизирање на влијанието на сајбер-инцидентите и подобрување на националната и меѓународната соработка.
За да се постигнат овие приоритети, Стратегијата воведува критични мерки, содржани во детален акциски план и индикативен финансиски план. Некои од овие мерки влучуваат и: формирање национален совет за сајбер-безбедност, оформување централизиран систем за одговор на инциденти, проширување на програмите за едукација и обука за сајбер-безбедност, искористување на напредните технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење, и развивање правна рамка за сајбер-безбедност – усогласена со директивите на ЕУ.
Министерот Андоновски го нагласи високиот влог на неактивноста: „Дигиталната трансформација на нашата држава е суштинска, но исто таква е и нашата подготвеност да одговориме на ризиците. Како што видовме од сите досегашни сајбер-напади врз критичните сектори, заканите со бомби и координираните кампањи за дезинформација – ризикот и опасностите се тука. Тие закани ја нарушуваат довербата на јавноста, ги поткопуваат нашите институции и претставуваат значителен ризик за националната безбедност“.
Стратегијата обезбедува јасен патоказ за справување со постојните ранливости, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување средина во која бизнисите може да иновираат, граѓаните ќе може да напредуваат и институциите може безбедно да работат.
Успехот на имплементацијата на Националната стратегија зависи од колективниот ангажман. Министерот ги повика сите засегнати страни – владините институции, бизнисите, академската заедница, граѓанското општество и граѓаните – активно да учествуваат во нејзиното спроведување. Дополнително, министерот го претстави и нацрт-законот за сајбер-безбедност, сега достапен на платформата ЕНЕР, за кој течат консултации.
„Денес, правиме голем стратешки чекор кон градење побезбедна и поотпорна дигитална Македонија, која е подготвена да се соочи со предизвиците на дигиталната ера и да ги искористи нејзините можности“, заврши Андоновски.
Македонија
(Видео) Тренчевска: Власта да ги прифати амандманите на СДСМ за Законот за заштита на децата
Власта наместо да ги одбива да ги прифати двата амандмани поднесени од СДСМ, кој се однесуваа за надополнување и измени за законот за заштита на децата.
Власта го прекрши и деловникот за работа на Собранието при претходно несењето на овој закон, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
– Наместо во матичното тело каде што требаше да се разгледува овој предлог на закон, и каде што му е место, тоа е во комисијата за социјална политика, демографија и млади, беше разгледуван во комисија која нема ни една допира точка со овој закон, во комисијата за труд, економија и енергетика. И иако на самата седница од страната на пратеничката група на СДСМ беше укажано дека се крши деловникот за работа, мнозинството од пратениците од власта не го прифатија, нашето укажување. И добро е што имаме укажување и од страната на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, којашто со своето укажување вели да се преиспита донесувањето на овој закон, со нотирање на ставовите и одредбите којшто се спротиви на уставот на Македонија, рече Тренчевска.
Од тие причини, пратеници од СДСМ, заедно со коалицијата, предложија два амандмани на законот, за член 9 и 10, на постоечкиот закон на заштита на децата, со што би се постапило и по укажувањето и на претседателката, но и би се испочитувал Уставот.
Македонија
(Видео) Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во однос на двојазичните лиценци во градинките потенцираше дека владејачката партија ја спроведува Тиранската платформа.
– Ова не е наивен закон. Левица е позната по своите преседани, но за разлика од владејачкото мнозинство, Левица прави позитивни преседани. Првиот беше со разрешувањето на Илире Даути, а вториот што вашата Претседателката која повеќе е министер за култура и верски поглавар, отколку што е Претседателка – го послуша апелот на Левица и стави суспензивно вето на овој Закон – истакна Апасиев.
– Ние мислевме дека времето на шверцерат во ова Собрание заврши со Таљат Џафери, но видовме дека ДПМНЕ си продолжува тоа да го прави. Овој шверцерски Закон е донесен пред Нова година, мислејќи дека наивно, луѓето ќе се разбегаат по празници и дека нема ништо да се сети. Потоа, откако Левица ја повика Претседателката да стави вето, таа стави вето. За потсетување, овој Закон за заштита на деца, го шверцавте во ненадлежна Комисија за енергетика, зашто таму има ,,еден”, којшто шверца како Артан Груби во Комисија за европски прашања што шверцаше – образложи претседателот на Левица.
– Зошто само на албански да му се издава уверение на некој кој полага за лиценца?! Зошто не и на турски, ромски или српски?! Ние не сме бинационална држава! Ако сме мултиетничка, ќе биде на сите, а не само на два јазика! Вие почитувани вмровци, ја спроведувате Тиранската платформа која што ДУИ и вашиот необалистички коалиционен партнер ВРЕДИ, си ја потпишаа на баци-рака кај Еди Рама – потенцираше претседателот на Левица, таксативно набројувајќи ги точките од Тиранската платформа коишто ДПМНЕ глатко ги исполнува.
Апасиев потсети дека правните експерти на Советот на Европа потенцираат дека во споредба со законодавството во 2008, тогаш Бранко Црвенковски не сакаше да го потпише, новиот Закон – овој за двојазичност, значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства и со Европската повелба за регионални малцински јазици. Првата забелешка е таа.
– Ајде, да видиме политички каде го утнавте вие! Вие, почитувани вмровци, ја спроведувате Тиранската платформа, којашто дури и вашиот необалистички коалиционен партнер од ВРЕДИ си ја потпиша кај Еди Рама на „баци рака“. Ајде да видиме, еве ја Тиранската платформа, кои точки вие сега ги спроведувате. Првата точка – постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот рамковен договор. Си го поставувате ли елементарното прашање: зошто 25 години по Рамковниот договор, дури сега најдовте да воведувате? Ако било уставно, уште во 2002 ќе го вовеле, СДС тогаш – рече Апасиев.
– Еве ја Тиранската платформа – правилно спроведување на принципот на мултиетничност каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ја засилува националната рамноправност на албанското население. Браво, вмровци! Првата точка на Тиранската платформа ја спроведувате – потенцираше Апасиев.
– Втората точка т.е. потточка на првата – постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за негова примена како фундаментално и уставно право. Браво, вмровци! И оваа точка ја спроведувате – вели претседателот на Левица.
– Следната точка којашто им ја спроведувате е четвртата точка, а тоа е создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи и преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албански културни институции на централно и локално ниво. Ете ви ја Академијата во Тетово и во Чаир, Албанската академија. И, еве, ја следната точка: создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците – дообјасни лидерот на Левица.
– Браво, вмровци! При постоечки Закон за македонски јазик, не најдовте за сходно колку месеци да го формирате Инспекторатот за македонски јазик. Ние сме парадокс во вселената – да имаме Агенција владина за албански јазик, а да немаме Агенција за македонски јазик. Браво, вмровци! Точка по точка, цела Тиранска платформа ја реализирате! И, ајде, да го видиме тој таканаречен закон – овој за кој Груевски се тепаше со Таљат, му истураше води… се сеќавате? Еве, годишни зборници на правни факултети – се издаваат научни трудови дека тој закон не е закон. Ајде, да видиме зошто не е закон! Затоа што ви ги фрлија амандманите! Еве, истата ваква ситуација беше. Врати претседател, вие поднесовте амандмани и си ги баравте по контејнери. Толку ви е достоинството, вмровци – со факти говореше Апасиев.
– Да видиме следно: ви донесоа закон со 64 пратеника, а се бараат 80 пратеника. Тогаш галамевте, ама сега вие го спроведувате истиот тој закон. Следно: во пробиен, преклузивен рок. Седум дена има за објава, после една година е објавен Законот. Указ без потпис на Претседателот. Браво, вмровци! Еве го вашиот патриотизам, којшто се гледа само во патните трошоци за денес од 10.000 евра за една година – поентираше тој.
Пратеничката група на Левица има поднесено неколку амандмани по коишто се расправа на денешната собраниска седница.