Спорт
Уапсен фудбалер на Севилја, намерно добивал жолти картони
Шпанската полиција го приведе фудбалерот на Севилја, Кике Салас, бидејќи намерно добивал жолти картони за да влијае на облозите во кладилниците.
Локалната новинска агенција „ЕФЕ“, известува дека полициските истражители се сомневаат дека Салас намерно добивал жолти картони за да влијае на облозите на членовите на семејството и пријателите во Шпанија.
22-годишниот Салас доби седум жолти картони во последните осум натпревари од шпанската лига минатата сезона, од вкупно десет што ги доби во сезоната 2023-24.
Дефанзивецот е роден во Севилја, а од 2022 година е дел од најсилниот тим на андалузискиот тим.
Салас сезонава одигра 14 натпревари во Примера и покрај две асистенции, забележа и три жолти картони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ урна рекорд на Федерер и се пласира во третата рунда на АО, Алкараз го декласира Нишиока
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во четири сета го победи Жаиме Фарија, а Алкараз во три сета убедливо го победи Јошихито Нишиока.
Ѓоковиќ прптив младиот Португалец Фарија на теренот мина нешто повеќе од три часа победи со 6:1, 6:7, 6:3, 6:2. Со исклучок на вториот сет кој го загуби во тај-брејк, седмиот носител доминираше против Фарија.
Покрај победата тој успеа да урне рекорд на Роџер Федерер. Го одигра 430.меч на Гренд слем турнирите.
Новак во третото коло ќе игра против Томаш Махач, кој го елиминира Рајли Опелка.
Алкараз беше немилосрден против 65.тенисер на АТП листата. Шпанецот славеше со 6.0, 6:1, 6:4. Алркараз првиот сет го освои за само 18 минути игра, првиот гем на Нишиока му го препушти дури во четвртиот гем од вториот сет.
Алкараз во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Нуно Борхес и Џордан Томпсон.
Спорт
Историски меч, Реал го победи Макаби
Кошаркарите на Реал и Макаби вечерва во Мадрид одиграа историски натпреварво Евролигата.
Реал Мадрид го победи Макаби со 116:113. Ова е најефикасниот натпревар во историјата на Евролигата.
До вечерва никогаше не беа постигнати 229 поени во натпревар без продолженија.
Покрај рекордот за вкупни поени, соборен е и рекордот за најголем број поени во едно полувреме, бидејќи тимовите заедно постигнаа 120 поени (57:63). Исто така, по три четвртини, резултатот беше 91:90 за Реал, што е нов рекорд во Евролигата за најефикасен натпревар по три четвртини.
Реал до победата го предводеа Кампацо со 31 поен, пет скока и осум асистенции, Хезоња со 25 и Муса со 20 поени. Кај Макаби пестмина постигнаа двоцигрен број на поени, најефикасни беа Јокубаитис со 20 поени и по седум скока и асистенции, односно Хоард со 19 поени.
🤯Highest non-OT scoring ever (229)
🤯Highest score at halftime (120)
🤯Highest score after three quarters (181)@RMBaloncesto VS @MaccabiTLVBC pic.twitter.com/tHgepTm9Ae— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 14, 2025
Спорт
Коло Муани го засили Јувентус
Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани ќе биде новото засилување на Јувентус.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен пристигнува во Торино на позајмица до јуни оваа година, без опција за откуп.
Тиаго Мота, тренерот на „Старата дама“ сака да ја засили конкуренцијата во нападот, но се е исклучено Дуашн Влаховиќ да го напушти клубот.
Коло Муани, во првиот дел од сезоната настапи на само 14 натпревари за ПСЖ.
Постигна два гола и забележа една асистенција, а последниот меч го имаше на 6. декември во ремито со Оксер.
Тој е член на Пари Сен Жермен од летото 2023 година, кога за 95 милиони евра пристигна од Ајнтрахт.
Коло Муни во кариерата настапуваше и за Нант и Булоњ, а има седум настапи за француската репрезентација.