Спорт
(Видео) Мареј броеше до 45, Јокиќ запиша трипл-дабл

Кошаркарите на Денвер Нагетс, втор пат во три дена ги победија Далас Маварикс. Никола Јокиќ и Џамал Маре го предводеа тимот до победата 118:99.
Предводник на тимот на Мајкл Мелоун во победата беше расположениот Џамал Мареј со 45 поени (18/26 од поле) и шест асистенции за 37 минути на паркетот. Тоа е само пет помалку од неговиот рекорд во кариерата.
Мајкл Портер имаше 13 поени и шест скока, а покрај нив двајца двоцифрен ефект имаше и Никола Јокиќ.
Јокиќ оствари нов трипл-дабл (146. во кариерата) со 10 поени (4/7), 14 скока и 10 асистенции. За 29 минути игра имаше и две украдени топки и една загубена топка.
Во Далас никој не се истакна. Најефикасен беше Даниел Гафорд со 13 поени. Кајри Ирвинг имаше два помалку, но со слаби проценти на шут (4/18). Маршал имаше идентичен поентерски учинок.
Ова е четврта победа во низа на Денвер и 24 во сезоната, што е доволно за четвртото место во поредокот на Западната конференција. Далас е две позиции подолу.
НБА, резултати:
Индијана – Кливленд 117:127
Филаделфија – Оклахома 102:118
Атланта – Феникс 122:117
Чикаго – Њу Орлеанс 113:119
Милвоки – Сакраменто 130:115
Далас – Денвер 99:118
Портланд – Бруклин 114:132
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Монако му нуди тригодишен договор на Миротиќ

Монако блеска оваа сезона во Евролигата, тие се на чекор до пласман на завршниот турнир, но во Кнежевството веќе размислуваат за засилувања за следната сезона.
Монако води со 2:0 во плејоф серијата од елитното натпреварување против Барселона и уште една победа би им обезбедила пласман на завршниот турнир во Абу Даби.
За следната сезона, според медиумите, прва желба е крилниот центар на Армани Милано, Никола Миротиќ.
Миротиќ не му донесе успех на Армани оваа сезона, но беше лидер на тимот на Еторе Месина.
Црногорецот со шпански пасош има договор со Миланезите уште една година, но има опција со која би можел да ја раскине соработката.
Како што објави новинарот Чема де Лукас, Монако е подготвен да му понуди тригодишна соработка на Миротиќ, кој оваа сезона постигнува 17,7 поени со 6,4 скока и две асистенции по натпревар.
Спорт
Реал е подготвен да го продаде Родриго

Крилниот напаѓач на Реал, Родриго, е на мета на критики поради лошата форма во последните два месеци.
Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, фудбалерот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми.
Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 натпревари оваа сезона.
И покрај довербата што му беше укажана на почетокот на сезоната, Родриго сезонава нема никакво влијание во играта на Реал, а исто така не е ефикасен во завршниците.
Навивачите исто така изразија незадоволство од неговите настапи, а некои од нив веруваат дека продажбата би била најдобрата опција за двете страни.
Клубот е отворен за преговори, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на играчот.
Според „Трансфермаркт“, Бразилецот вреди 100 милиони евра.
Спорт
Реал Мадрид и Баер Леверкузен (веќе) имаат нови тренери

Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен.
Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во модерната историја на европскиот фудбал, ќе стане тренер на „кралскиот клуб“.
Алонсо во кариерата, пет сезони го носеше дресот на Реал, одигра 236 натпревари од и учествуваше во освојувањето на пет трофеи.
Алонсо долго време беше проектираниот наследник на Анчелоти, а се укажува на тоа дека и во Леверкузен биле подготвени. Според „Скај Спорт Германија“, Баск ќе го наследи Баскот на „Бај Арена“.
Баер следната сезона треба да го предводи Иманол Алгуасил Баренечеа, човек кој со голем успех го води првиот тим на Реал Сосиедад од 2018 година.
Иманол Алгуасил е континуирано ангажиран во Сан Себастијан од 2011 година, кога стана тренер на младинскиот тим, потоа асистент во „Б“ тимот, потоа и тренер на тимот „Б“ и на крај го презеде првиот тим.
Под водство на Алгуасил, Сосиедад заврши под 10-то место само во првата сезона, а потоа рангирањата беа: 9-то, 6-то, 5-то, 6-то, 4-то и 6-то место минатата сезона. Тие во катуелната сезона се наоѓаат на 10-то место.