Македонија
СДС се обидува да го штити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт. Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС“, велат од партијата и додаваат:
„СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

