Економија
Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка
Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до Управата за јавни приходи да поднесат:
Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.
Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07″), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ“), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.
Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува:
Копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или
Друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема.
Неискористеното право на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка во ДЛД-ДБ за 2024 односно ДБ за 2024, може да се пренесе во следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Халкбанк доби меѓународна потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards
Халкбанк АД Скопје е добитник на две награди од Global Banking & Finance Awards за 2024 година, кои ја потврдуваат нејзината посветеност на иновативноста, квалитетот и општествената одговорност.
Признанието „Најдобра банка за население во Македонија 2024“ е потврда за водечката позиција на Халкбанк во обезбедувањето современи и високо квалитетни услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите и кореспондираат со најновите банкарски трендови, овозможувајќи им брз, сигурен и лесен пристап до финансиски производи и услуги што го олеснува нивното секојдневие.
Во исто време, наградата „Најдобра банка за општествена одговорност во Македонија 2024“ ја истакнува улогата на Халкбанк како лидер во промовирањето корпоративна општествена одговорност преку поддршка на заедницата, иницијативи за одржлив развој и позитивно влијание врз општеството.
Халкбанк АД Скопје продолжува со својата мисија да биде доверлив партнер на клиентите и општеството, градејќи силни темели за одржлив раст и развој.
ПР
Економија
Се зголемува цената на дизел-горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на одлуката од 13.01.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,563%, кај дизелот за 4,337%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,124% и кај мазутот зголемувањето е за 2,809%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3152%.
Од 17.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,336 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 ден/кг и сега ќе изнесува 46,336 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Економија
Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.
Заменик министерот Ристески се заблагодари на сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија и учествуваа во оваа акција и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници.
На листата на производи, како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која штоја креираше Министерството за економија и труд за оваа акција се вклучени 1178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети а акцијата се применуваше во 762 продажно место.
Во духот на социјалната одговорност и солидарноста, од Министерството за економија и труд беше напоменето дека очекувањата се сите учесници во малопродажбата – производителите на храна, дистрибутерите и ланците на маркети, ќе направат максимални напори и ќе ги задржат цените на производите на исто ниво по завршување на акцијата.
Акцијата за прв пат е иницирана и спроведена од страна на бизнис секторот и во текот на следните недели се очекуваат анализи на ефектите од ваквата акција.
Од Министерството за економија беше потенцирано сите учесници треба да се воздржат од зголемување на цените на прехранбените производи кои беа дел од оаа акција и во таа насока се подготвени да комуницираат во духот на соработката.
„Беше упатен апел и опомена до сите чинители во ланецот на прехранбени производи во наредниот период да не дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи, по завршување на Новогодишната кошница, за да не се носат мерки страна на Министерството за економија и труд, односно беше кажано дека Министерството ќе ги искористи сите механизми кои ги имаме на располагање за да се заштити стандардот на граѓаните.
Беше заклучено дека оваа акција е од исклучително значење за зачувување на економската стабилност во нашата држава и за спречување на понатамошен раст на инфлацијата која влијае врз животниот стандард на сите граѓани.
Во овие предизвикувачки времиња, клучна улога во заштитата на економијата имаат токму производителите и трговците, како носители на понудата на пазарот.
Подготвеноста да се воздржат од покачување на цените нема само да придонесе за заштита на куповната моќ на граѓаните, туку ќе испрати и јасна порака за Вашата посветеност кон заедничката иднина на нашето општество, што пак ќе доведе до директно влијание врз зајакнување на довербата меѓу сите чинители во општеството, а особено кон потрошувачите.
Државниот пазарен инспекторат останува на терен да ја следи состојбата со цените“, велат од Министерството за економија.