Свет
Израел продолжува со нападите во Газа и покрај најавата за договор со Хамас, најмалку 46 загинати
Израел ги интензивира нападите врз Газа и покрај најавата дека е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците, што треба да стапи во сила в недела.
Израелските напади продолжија во текот на ноќта и рано утринава, при што загинаа најмалку 46 Палестинци, соопштија здравствените власти во Газа, пренесе „Ројтерс“.
Хамас утринава лансира ракета кон Израел, соопшти израелската војска, наведувајќи дека во нападот нема жртви.
Комплексниот договор меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас беше финализиран вчера по неколкумесечните преговори со посредство на Катар, Египет и Соединетите Американски Држави по 15-месечното крвопролевање, кое го опустоши Појасот Газа и се закани дека Блискиот Исток ќе го претвори во држава на општ конфликт.
Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, потврди дека милитантната група го прифатила договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците со Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

