Свет
Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп, бара укинување на претседателскиот имунитет

Џо Бајден повика на уставна измена на претседателскиот имунитет во своето проштално обраќање како претседател на Соединетите Американски Држави очигледно сакајќи да му зададе проштален удар на својот наследник Доналд Трамп.
„Мораме да го измениме Уставот за да стане јасно дека ниеден претседател не е имун на злосторствата извршени додека е на функцијата“, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Овалната соба.
„Моќта на претседателот не е неограничена. Таа не е апсолутна. И не треба да биде“, посочи тој.
Бајден (82) в понеделник ќе му ја предаде претседателската функција на Трамп, републиканецот кој убедливо победи на изборите во ноември.
Во јули Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 дека поранешните претседатели имаат широк имунитет од гонење за службени дела, што е голема победа за Трамп.
Конгресот би можел да ја поништи оваа важна одлука со измена на Уставот, но овој процес е познат како тежок за спроведување бидејќи бара поддршка од две третини и во Претставничкиот дом и во Сенатот по што ќе следува ратификација од 75 отсто од државите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.
Свет
ОН алармира: Децата во Газа ќе почнат да умираат од жед

УНИЦЕФ предупреди во Женева дека Појасот Газа се соочува со недостиг на вода.
„Децата ќе почнат да умираат од жед… Само 40 проценти од инфраструктурата за вода за пиење е функционална“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите.
„Ние сме далеку под кризните стандарди кога станува збор за вода за пиење…“
УНИЦЕФ, исто така, изјави дека бројот на деца на возраст од шест месеци до пет години примени на лекување од неухранетост во Појасот Газа се зголемил за 50 проценти од април до мај и дека половина милион луѓе гладуваат.
УНИЦЕФ го обвини Хуманитарниот фонд за Газа, поддржан од САД, за влошување на ситуацијата со дистрибуцијата на храна.