Вести
Поранешниот израелски претседател Перес ставен во индуцирана кома
Поранешниот израелски претседател и премиер, како и и добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес, е ставен во индуцирана кома, откако во вторникот претрпе тежок мозочен удар, известија ноќта кон средата болнички извори.
Весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на свои извори од опкружувањето на Шимон Перес, неговата состојба лекарите ја оценуваат како стабилна. Малку подоцна агенцијата Reuters објави дека лекарите донеле одлука Перес да биде ставен во состојба на вештачка кома.
Директорот на медицинскиот цента „Шеба“ во близина на Тел Авив за новинарите изјавил дека 93-годипниот Перес претрпел тежок мозочен удар со компонента на крвавење. На новинарите пред болницата им се обратил и неговиот син, кој рекол дека верува, се моли и се надева на најдоброто, но дека ситуацијата ни најмалку не е лесна, пренесува AFP.
„Шимон, ние те сакаме и целата нација го посакува твоето закрепнување“, истакна во соопштението израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Според порталот Ynetnews, Перес бил згрижен на одделот за интензивна нега во вечерните часови,откако на својот лекар му е пожалил дека не се чувствува добро. Веднаш по хоспитализирањето, му била направена компјутерска томографија, која покажала мозочно крвавење. Потоа, било одлучено да биде приклучен на вештачки бели дробови.
Пред една седмица на Перес успешно му е вграден пејсмејкер, поради дијагностицираната во јуни годинава атријална фибрилација. Претходно на 14-ти јануари бил подвргнат на кардиоваскуларни катетеризација,, како резултат на стеснување на артерија. Таа била изведена во болницата „Тел ха-Шомер“, каде Перес бил донесен по жалење на болки во градите истиот ден. Поранешниот политичар од болница тогаш бил испишан по пет дена. Но по пет дена повторно бил хоспитализиран, поради проблеми со срцето, а отпуштен по два дена.
Шимон Перес, роден на 2-ри август 1923 година на територијата на денешна Белорусија е еден од последните живи основачи на Државата Израел, во два мандата беше премиер на лабуристичката партија и претседател од 2007 до 2014 година. Во 70-годишната политичка кариера смени многу министерски портфељи, ако шеф на дипломатијата, министер за финансии и други ресори.
Во 1994 година ако министер за надворешни работи на еврејската држава, заедно со тогашниот премиер Јицак Рабин и палестинскиот водач Јасер Арафат, Перес ја доби Нобеловата награда за мир за „напорите за постигнување на мирот на Блискиот исток“./крај/фм/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.