Забава
Фановите се збогуваат со Дејвид Линч: „Никој никогаш не го разбра светот како тој“
По повод смртта на легендарниот американски режисер и сценарист Дејвид Линч (78), голем број обожаватели се збогуваат со него на социјалните мрежи.
RIP David Lynch. You inspired so many of us. ❤️ pic.twitter.com/KkZ1WgmzyV
— James Gunn (@JamesGunn) January 16, 2025
„Почивај во мир. Легенда во секоја смисла на зборот. Неговото влијание врз киноматографијата и уметноста никогаш нема да се заборави“, напиша некој на Икс покрај објавените сцени од неговите филмови.
Rest in peace David lynch. A legend in every sense of the word. His impact on cinema and art will never be forgotten pic.twitter.com/4ljbE7Vby8
— zzz (@weirdngwoman) January 16, 2025
„Тој беше вистински визионер и уметнички гениј“, додаде еден фан.
your work will always be loved by me david lynch ❤️🩹 pic.twitter.com/pqx9dPzbN4
— ✶ (@haevong) January 16, 2025
„Никогаш нема да има некој како тебе“, напишал еден од неговите обожаватели, додека друг додал: „Инспириравте многумина“.
rip david lynch. thank you for the art 🖤 pic.twitter.com/lyAdnfFRBO
— mauro (@mauro_txt) January 16, 2025
„Секогаш ќе ја сакам твојата работа“, „Ти благодарам за твојата уметност“, „Никој никогаш не го разбрал светот како Дејвид Линч. Само да ни го покажеше она што го виде“, „Тој секогаш изгледаше како еден од оние момци кои едноставно не може да умре, како тој концепт да му е туѓ“, се нижат коментари од тажни обожаватели.
David Lynch always seemed like one of those guys who just couldn’t die, like the concept was alien to him, he’d always just be out there complaining about shit and making excellent movies, and time would never touch him
RIP GOAT pic.twitter.com/9bs477s2Iz
— Drew 🏳️🌈 (@StormcrowFilm) January 16, 2025
no one has ever understood the world like david lynch did. how lucky we are that he showed us what he saw pic.twitter.com/7Qy1MKfZzl
— i hate you joe biden (@sonyashea3) January 16, 2025
rest in peace, david lynch. there will never be anyone else like you. pic.twitter.com/kUQa9UsRSM
— bella (@earlygirl__) January 16, 2025
david lynch forever pic.twitter.com/2nYKQQuXX2
— tay (@hairball1952) January 16, 2025
Rest in Peace, David Lynch. You were an icon. pic.twitter.com/0dtbdkOErp
— No Film School (@nofilmschool) January 16, 2025
Легендарниот американски режисер Дејвид Линч, оскаровец и креатор на култната серија Твин Пикс, почина на 78-годишна возраст. Неговото семејство на социјалните мрежи ја објави тажната вест за неговата смрт.
„Со длабока тага ние, неговото семејство, ја објавуваме смртта на човекот и уметник Дејвид Линч. Би ценеле одредена приватност во овој момент. Има голема празнина во светот сега кога тој повеќе не е со нас“, се вели во објавата на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Листата е направена: овие убавици ја носат титулата „Жена на годината“
Магазинот „Гламур“ ги прогласи своите победнички за Жена на годината за 2025 година.
Меѓу овогодишните добитници на наградата се големи имиња од светот на забавата, спортот и претприемништвото, вклучувајќи ја актерката Деми Мур, пејачката Тајла, јутјуберката г-ѓа Рејчел, актерката Рејчел Зеглер, шминкерката Пет Мекграт и играчи на WNBA лигата.
Овогодинешната тема е „Сестринство“, славејќи ги „врските меѓу жените, како во рамките на семејствата, така и во секој агол од глобалната заедница на списанието „Гламур“.
„Тоа сестринство може да се најде во приказните на овогодинешните победнички, но и во жените кои им раскажуваат – пријателки, соработници и обожаватели…“, се вели во соопштението.
фото: принтскрин
Забава
Убедливо највалканиот предмет во кујната, а го користите секој ден: како да го исчистите
Даските за сечење можат да помогнат во спречувањето на вкрстена контаминација помеѓу храната, поради што професионалците користат даски во различни бои за различни видови храна.
Сепак, дури и тогаш, тие треба правилно да се дезинфицираат за да се избегне оштетување. И не мора секогаш да се потпирате на хемиски и комерцијални средства за чистење.
Еден потенцијален проблем со користењето дрвени даски за сечење е тоа што тие обезбедуваат место за криење на микроскопските бактерии, што може да претставува ризик за вашето здравје.
Многу е важно да се запомни дека даските за сечење се направени од различни материјали, па затоа треба да се чистат со соодветни производи во зависност од материјалот. Ако не се чистат правилно, дрвените даски можат да акумулираат штетни бактерии.
Значи, исечете лимон на половина и исцедете го неговиот сок на даската, а потоа посипете малку сол врз него. После тоа, земете половина лимон и втријте ја солта во површината на даската, а потоа исплакнете ја под млаз вода. Солта ќе се претвори во абразивна паста, која ќе ги уништи сите бактерии скриени во гребнатинките.
Лимонот, исто така, може да помогне во освежувањето на вашата даска за сечење, оставајќи ја со пријатен, свеж мирис. Солта помага во чистењето на дрвените површини благодарение на нејзините абразивни својства, отстранувајќи ја нечистотијата и остатоците од храна од штицата.
Додека солта помага при триење, лимонот содржи киселина и природни својства за чистење кои помагаат во омекнување и отстранување на дамките, како и во убивање на скриените бактерии. Ова се должи на порозната природа на дрвото, каде што бактериите лесно можат да се заробат во влакната и пукнатините.
Дрвото, исто така, ја апсорбира влагата, што помага во растот на бактериите. За да се спречи развојот на скриени бактерии, вашата даска за сечење треба редовно да се мие и темелно да се суши. Чувањето на вашата даска на ладно и суво место дополнително ќе го ограничи растот на бактериите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Ја скрати косата, а потоа го облече најкраткиот фустан: Сидни Свини повторно ги привлече сите погледи
Актерката Сидни Свини веќе некое време е во фокусот на јавноста. Таа неодамна го шокираше светот со својата неверојатна трансформација, а сега најде начин повторно да ја воодушеви јавноста на филмскиот фестивал SCAD Savannah во Џорџија.
Се чини дека нејзината филмска кариера само се подобрува, бидејќи доби награда за улогата во биографскиот филм „Кристи“. За оваа посебна вечер, таа одлучи да носи асиметричен бел мини фустан кој ја нагласува нејзината витка фигура, како и долгите нозе.
Креацијата од дизајнерката Стела Мекартни и уникатно прикажува ново поглавје во животот на младата актерка. Својот стајлинг го комплетираше со бели чевли, но и шминка во нежни тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
Покрај бројните прашања во врска со нејзината филмска работа, Сидни одговори и на оние поврзани со пластичната хирургија. Таа нагласи дека не е заинтересирана за козметички процедури и дека се плаши од игли. Затоа, нема намера да го менува својот природен изглед.
Како што вели, сака да старее природно.
фото: принтскрин

