Спорт
(Видео) Бадоса се скара со Циципас: Земи рекет и дојди ти да играш
Стефанос Циципас доживеа шокантна елиминација во првото коло на Австралија опен од Алекс Микелсен, но остана во Мелбурн да ја бодри својата девојка Пола Бадоса.
Тенисерката од Шпанија избори пласман во третото коло со победата над Украинката Марта Костјук со 6:4, 4:6, 6:3.
Ветерот им правеше пролеми на тенисерките, а во такви услови во вториот сет многу подобро се снајде Костјук.
Во еден момент Циципас ја советуваше својата девојка да остане мирна, додека таа демонстрираше како топката лета наоколу, на што Бадоса му порача да земе рекет и да влезе нантеренот. Во тој момент Костјук водеше 0:5 во вториот сет.
„Всушност му кажував на мојот тренер дека… Стефанос навистина ми даваше поддршка, мислам дека беше понервозен од мене“. Навистина ја ценам неговата поддршка овде“, рече Бадоса.
По расправијата таа врза четири гема, но беше предоцна да го спаси тој сет, но сепак го доби третиот и сега во осминафиналето ја чека победничката од дуелот Џесика Пегула и Олга Даниловиќ.
– Badosa se enoja en el banquillo porque hay mucho viento.
– Tsitsipas: 'calma, calma'.
– Badosa le ofrece la raqueta para que juegue él.Momentazo en el Australian Open 😂
pic.twitter.com/k8fTrprdvs— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) January 17, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лесна победа за Рома против Џенова
Фудбалерите на Рома ја совладаа Џенова со 3:1 (1:1) во воведниот натпревар од 21. коло во италијанската Серија А.
Избраниците на Клаудио Раниери конечно одиграа добар партија и доминираа за да дојдат до бодовите иако немаа предност по првите 45 минути.
„Волчицата“ поведе во 25. минута со голот на Артем Довбик, но само осум минути подоцна израмни Масини.
Сепак, второто полувреме и припадна на Рома, која конечниот триумф го оствари преку Ел Шарави во 60. минута и Леали кој си постигна автогол во 73. минута.
Рома сега е на деветтото место со 27 освоени бодови, додека Џенова заостанува четири бода на 11. место.
Спорт
(Видео) Борусија Дортмунд ја продолжи лошата серија, загуби во Франкфурт
Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз за клубот од Дортмунд на деветтото гостување во Бундеслигата.
Домашните поведоа во 18. минута кога по десната страна се проби Расмус Кристенсен, а неговата асистенција ја претвори во гол Хуго Екитике. Кај гостите Гуираси ја пропушти најубавата шанса во првото полувреме кога топката заврши во стативата. Резултатот остана 1:0 до 92. минута кога Оскар Хојлунд постигна гол за 2:0.
Ајнтрахт овој натпревар го одигра без Египјанецот Омар Мармуш, напаѓач кој се пресели во Манчестер сити.
Спорт
Блокиран трансферот на Коло Муани во Јувентус
Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонзало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт и брилјираше во Бундеслигата.
ПСЖ реши да издвои 95 милиони евра за неговиот трансфер од Франкфурт, а Муани потпиша петгодишен договор.
16 месеци подоцна, Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб.
Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, кој по истекот на позајмицата ќе има право да го откупи договорот на Муани.
Муани слета во Торино, се сликаше на аеродромот, во клубот го чекаа да го потпише договорот. Но трансферот е блокиран.
Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, ПСЖ веќе има шест играчи на позајмица, што е максимално дозволено за еден клуб, според новите правила на ФИФА. .
Во овој момент, Јувентус веќе бара алтернативи за Муани доколку ПСЖ не успее да го реши овој проблем.