Македонија
Одбележување Водици на две реки во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров и оваа година ја продолжува традицијата на празникот Богојавление – Водици. Kако поддржувач на овој значаен христијански празник, ги повикува граѓаните масовно да присуствуваат на свеченото одбележување.
„Празникот е повеќе од обичај – тоа е ден кога заеднички ги славиме верата и духовните вредности кои ги носиме како заедница. Како општина, ние продолжуваме со поддршката на традициите и во оваа прилика покажуваме дека нашата посветеност кон граѓаните и духовното наследство е непоколеблива”, изјави градоначалникот Стојкоски.
На 19 јануари, сите граѓани на Ѓорче Петров се повикуваат да бидат дел од свеченоста која ќе се одржи на две локации во општината. По традиција, на реката Лепенец во Волково ( кај последна 22ка) и на реката Вардар на мостот во Хром ќе се врши осветување на водите и ќе се положи Чесниот крст.
Река Лепенец: 10:15 – Свечена поворка од црквата Св. Петка во Волково до реката Лепенец.
11:00 – Положување на Чесниот крст во реката Лепенец ( кај последна 22ка).
Мост во Хром: 11:30 – Свечена поворка од црквата Св. Петар и Павле до мостот во Хром.
12:00 – Положување на Чесниот крст во реката Вардар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.