Спорт
Една милијарда фунти со во игра – Астон Мартин подготвува понуда за Ферстапен
Макс Ферстапен би можел да заврши во тимот на Астон Мартин, а вредноста на потенцијалниот договор би може да оди и до една милијарда фунти.
Според британски Д„ејли Мејл“, Астон Мартин моментално е во преговори со потенцијалните спонзори за да може да го реализира трансфери.
Тие всушност ги убедуваат компаниите да ги вложат своите пари во актуелниот шампион Макс Ферстапен и неговото доаѓање во тимот.
Договорот би вклучувал нешто повеќе од милијарда фунти, што дефинитивно би го направил најголемиот трансфер во историјата на спортот.
Се разбира, Верстапен не би ја заработил таа сума во една сезона, туку се претпоставува во најмалку пет сезони.
Се претпоставува дека Холанѓанецот би вредел околу 200 милиони фунти годишно.
Иако Астон Мартин моментално не е во конкуренција за титулата, покрај парите поседува две клучни предности што можат да го привлечат Ферстапен, тоа се Адријан Њуи и Хонда.
Најдобриот дизајнер во историјата на Формула 1 од оваа сезона е дела од Астон Мартин, а Хонда ќе влезе во овој тим во 2026 година, кога во сила ќе стапат новите правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Борусија Дортмунд ја продолжи лошата серија, загуби во Франкфурт
Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз за клубот од Дортмунд на деветтото гостување во Бундеслигата.
Домашните поведоа во 18. минута кога по десната страна се проби Расмус Кристенсен, а неговата асистенција ја претвори во гол Хуго Екитике. Кај гостите Гуираси ја пропушти најубавата шанса во првото полувреме кога топката заврши во стативата. Резултатот остана 1:0 до 92. минута кога Оскар Хојлунд постигна гол за 2:0.
Ајнтрахт овој натпревар го одигра без Египјанецот Омар Мармуш, напаѓач кој се пресели во Манчестер сити.
Спорт
Блокиран трансферот на Коло Муани во Јувентус
Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонзало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт и брилјираше во Бундеслигата.
ПСЖ реши да издвои 95 милиони евра за неговиот трансфер од Франкфурт, а Муани потпиша петгодишен договор.
16 месеци подоцна, Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб.
Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, кој по истекот на позајмицата ќе има право да го откупи договорот на Муани.
Муани слета во Торино, се сликаше на аеродромот, во клубот го чекаа да го потпише договорот. Но трансферот е блокиран.
Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, ПСЖ веќе има шест играчи на позајмица, што е максимално дозволено за еден клуб, според новите правила на ФИФА. .
Во овој момент, Јувентус веќе бара алтернативи за Муани доколку ПСЖ не успее да го реши овој проблем.
Спорт
Лазаров: Ова не личеше на натпревар на СП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонија го забележа првиот пораз на Светското првенство. Во Вараждин, во второто коло во Д групата, Македонија загуби од Холандија 32:37 (15:18).
Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии.
„Секој натпревар е различен, но овој излезе од контрола. Ова личеше на се, само не на натпревар од едно големо натпреварување. Не сакам да се правдам но имаа 12 пенали, дека 20 минути игравме со играч помалку. Тешко е да се браниш против Холандија и со шестмина, а не со играч помалку. Толку седмерци и толку исклучувања ти го рушат планот на игра“, рече селекторот Кирил Лазаров.
Инаку, по натпреварот Ракометната федерација на Македонија најави дека ќе поднесе жаллба за судењето на данската двојка Хансен-Мадсен.