Македонија
МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестно-цементната водоводна мрежа

Во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ од Европската инвестициска банка и од Владата на Република Северна Македонија обезбедени се средства, а тие ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање како неповратни со склучен договор „Замена на азбестно-цементната водоводна мрежа во град Струга“.
Договорот е склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планиарање и избраниот изведувач „Марковски К73“ ДООЕЛ од Струга. Замената на азбестно-цементната водоводна мрежа во градот, во согласност со договорот, ќе се одвива во следните 18 месеци, со што жителите на градот Струга ќе добијат поквалитетно водоснабдување, а со замената на азбестно-цементните водоводни цевки со нови висококвалитетни цевки во голема мера ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата, заштита на животната средина и ќе се намалат загубите на вода. Висината на инвестицијата е 76 милиони денари.
Со овие дополнителни 50 милиони евра на 100-те милиони евра предходно распределени од Владата се оди чекор понапред во зајакнувањето и подобрувањето на условите за живеење на сите граѓани на нашата држава, без исклучок, бидејќи средствата се достапни за сите општини во државата, без исклучок.
Степенот на реализација на овие средства е приближно 20 отсто од вкупната сума и во согласност со одобрената проектната документација и документацијата за набавка за реализација на проектите испратени од општините, а одобрени од проектната единица за реализација на МЖСПП, се очекува забрзување на динамиката на имплементација во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски“, велат од СДСМ.
„Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор.
Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и нефункционалност на Министерството за внатрешни работи.
Оваа неспособност загрозува човечки животи.
Уште колку луѓе треба да загинат по улиците за Тошковски да понесе одговорност?
Министерот Тошковски мора веднаш да преземе одговорност за загрозената безбедност.
СДСМ бара итна и транспарентна истрага за престрелката, целосно расветлување на настанот и изведување на виновниците пред лицето на правдата.
Дополнително, потребна е промена на безбедносниот систем и засилени мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителни области.
Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв, граѓаните заслужуваат мирен и безбеден живот, а институциите мора да обезбедат сигурност“, соопшти СДСМ.
Македонија
Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„А ако станува збор за организираност и наведувањата дека оваа Влада е неорганизирана, би констатирале само дека единствената работа во која што владата на СДС и ДУИ беше организирана беше криминалот, организираниот криминал, затоа и впрочем нема да се чепне или да се направи ревизија на работењето, а да не излезе од тоа некаква форма на организиран криминал правен од претходната влада во таа институција“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Венко Филипче.
„Оттука, и логично е што на СДС ние им делуваме неорганизирано затоа што нивниот впечаток и критериум за организираност е исклучиво за организираност во некој криминал, тие не се навикнати на организирана работа на проекти, затворање дупки и реформи, затоа и ваква забуна се создава кај нив.
За нив најорганизиран и за пример е веројатно нивниот партнер ДУИ со кои градат специфичен однос на ниво на политички и коруптивен садомазохизам, што може да е нов правец во политичката култура во државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски со жителите на Црниче го одбележа празникот Балаклија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше присутен на местото Балаклија во Црниче, каде заедно со жителите го прослави Источен Петок, значаен православен празник кој секоја година се одбележува на првата недела по Велигден. Тој истакна дека посебно му е драго што ова свето место, на кое се наоѓа изворот, беше ослободено од узурпација, вратено на жителите оплеменето со нови содржини кои овозможуваат вистинско уживање на сите кои го посетуваат, информира општина Кисела Вода.
Го истакна своето задоволство што следната година ќе ја има честа токму тој да биде кум на овој значаен настан.
– Нека е за многу години Источен Петок – Балаклија! Другата година кумството е мое, дар од Бога за што ми е огромна чест! Денес, заедно со мојот народ од Црниче го славиме овој голем празник кој спаѓа во Светлата Недела. Празник посветен на Пресвета Богородица на кој ѝ се оддава признание и се верува дека на овој ден му ги миела раните на Исус Христос, па затоа водите од изворите денеска се лековити и верниците масовно ги посетуваат за да ги измијат очите и лицето. Ова култно место во Црниче на кое има извор и кое до лани беше узурпирано, го ослободивме и го вративме на жителите, оплеменето со содржини за вистинско уживање и рекреација на сите кои го посетуваат. Горд сум на сплотеноста на мојот народ на ваквите денови, затоа Македонија е богата земја која меѓусебната љубов и почит ја одржувала низ вековите.
За многу години да ни е, здравје и бериќет кај сите-изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.