Македонија
СДС е партија што ја води поранешниот министер за здравство, Филипче, синоним за смрт и за уништување на здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС е партија која ја води Венко Филипче, човек кој беше министер за здравство во криминалната влада на СДС-ДУИ.
„За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДС, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите.
Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираше само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев“, реагираат од оваа партија.
Наместо, како што велат, да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери.
„Само затоа што го интересираа само провизии од тендерите, Филипче како министер за здравство дозволи да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. А одговорност за тоа, Филипче не сноси зошто, замислите, кабелот бил крив.
Филипче е министер за здравство во чие време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.
Филипче, исто така, е министер кому му колабираше системот со сообраќајката на Дурмо Турс во која животот го загубиле 16 лица. А тоа се случи најмногу поради лошата поставеност на здравството со кое раководеше Филипче.“
Оценуваат дека наместо сите пациенти да се носат со брза помош во една болница, на лице место требаше да има тријажен центар кој што требаше да одредува кој пациент во која болница треба да биде пратен.
„Само така системот немаше да биде оптеретен и ќе се дадеше шанса да преживее уште на некој од настраданите.
Значи, кога СДС држат пресови за здравството во Македонија, треба да имаат предвид дека нивниот претседател Филипче, додека министерувал со истото тоа здравство бил синоним за смрт и синоним за уништување на јавниот здравствен систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

