Спорт
Валенсија сака да го позајми Елмас од Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, веројатно ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Еламс сезонава ретко игра, од тренерот Марко Росе доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.
Кон крајот на ноември минатата година, кога Елмас се повреди против Латвија, водечкиот германски медиум „Билд“, објави дека Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец за 24 милиони евра.
Интерес за Елмас покажа Валенсија, последнопласирниот тим во шпанската Примера. По 19 одиграни натпревари Валенсија има само 13 бодови. Член на Валенсија е репрезентативниот колега на Елмас, Столе Димитиревски.
Инаку, Валенсија го бара Елмас на позајмица до крајот на сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.
„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.
Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.
Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.
Спорт
Нови главоболки за Мареска: Се повреди и Енцо Фернандез

Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена.
Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната уште летоска по тешка повреда на колено.
Сега останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета за натпреварот против Нотингам Форест, а потоа и против Ајакс и Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.