Македонија
Светиот крст на Водици за прв пат ќе се фрла во водите на езерото Јасика во Долно Лисиче
Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан со надеж дека ќе прерасне во традиција.
„Почитувани верници во Бога, на 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче ќе се организира фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро Јасика ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година. Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот“, велат организаторите на настанот.
За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда. Пред самиот чин на скокање во осветените води ќе биде извршена уште еден медицински преглед од страна на медицинската екипа.
После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено.
Детална агенда за настанот:
Крст ќе се фрли во осветените води точно во 12:00. До сега има 15 пријавени кандидати, до сабота кој не се пријавил може да се пријави.
Настанот ќе го проследи и градоначалникот на Општина Аеродром кој лично ќе му ја врачи едната вредна наградата на среќниот капач, а втората вредна награда голема рачно изработена икона ќе ја врачи Отец Оливер Петровски во просториите на Црковниот Храм Св.Троица по завршувањето на манифестацијата.
Распоред на активности:
08:00 – 10:00 утринска богослужба во Храмот „Св.Троица“
11:00 собир во дворот на Св.Троица
11:40 осветување на водите
12:00 спуштање на Светиот крст во осветените води
Греана ракија, топло чајче и пити/банички за посетителите во „Јасика“
12:30 – 13:30 греана ракија, топло чајче, пити/банички во големата сала при Храмот „Св.Троица“ каде ќе се даде втората награда.
Поканети се сите кои сакаат да присуствуваат и да ја видат оваа убава манифестација во живо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

