Спорт
Реал извиси, Дејвис ќе го продолжи договорот со Баерн
Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен, иако во последните месеци се чинеше дека тој ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната.
Дејвис ги финализираше сите детали од новиот договор со челниците на Баерн, кој ќе важи до летото 2029 година.
Како што дознаваат инсајдерите Флоријан Плетенберг (Скај Спортс Германија) и Дејвид Орнштајн (Атлетик, Велика Британија), сè уште има мали разлики во однос на финансиските детали, но договорот бил склучен вербално.
Дејвис е член на Баерн од јануари 2019 година, кога им се приклучи на Баварците од родниот Ванкувер Вајткепс за 10 милиони евра.
Дејвис се профилираше во еден од најдобрите играчи на својата позиција и токму ова е причината поради која бројни богати клубови сакаа да го ангажираат летото. Најчесто се поврзуваше со Реал Мадрид.
Дејвис досега за Баерн одигра 218 натпревари, постигна 12 гола и 34 асистенции.
🚨🔴 BREAKING | Yes, Alphonso #Davies is now close to extending his contract until at least 2029, with 2030 also a possibility ✔️
Today, new negotiations took place between Max Eberl and his agent Nick Huoseh. There was significant progress after Wednesday’s conflict after… pic.twitter.com/GgfAFSSHEc
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) January 17, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.
Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук