Спорт
Момфис го победи четвртиот носител на АО, сензационалниот Тиен мина во четвртото коло

Французинот Гаел Монфис (38), во третото коло на Австралија Опен го победи Американецот Тејлор Фриц, кој е 11 години помлад и четврти во светот.
Резултатот по три часа и речиси 10 минути беше 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.
Фриц го доби првиот сет, а Монфис (41. на АТП листата) долго време го кршеше својот ривал за да избори место меѓу најдобрите 16 играчи на првиот календарски Грен слем.
Поискусниот играч го приведе дуелот кон крајот со својот 24. ас на мечот, а потоа танцуваше триумфално.
Единствениот повозрасен од Монфис кој „влезе“ во оваа фаза од натпреварувањето беше Роџер Федерер.
Турнирот заврши и за 19. носител, Карен Хачанов. Тенисерот од Русија во три сета доживеа пораз од Американецот Алекс Микелсен.
Бајката на Австрлија опен продолжи за Алекс Тиен. 19-годишниот Американец кој во претходната рунда го елиминира Данил Медведев, во третото коло во три сета го победи Корентан Муте од Франција.
Третата рунда ја минаа домашниот миленик Алекс Де Минор и Лоренцо Сонего. Тие во четири сета славеа во дуелите со Серундоло, односно Марожан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Реал Мадрид го загуби трофејот во Купот, откако во драматичен натпревар, пол со тензии, загуби од Барселона со 2:3. Два дена по натпреварот „Дон Балон“, објави дека имало жестока конфронтација во соблекувалната на Реал по натпреварот во Севилја.
По втор пат во рок од неколку месеци, Реал доживеа пораз од Барселона во натпревар за трофеј. Финишот на мечот го обележа скандалозното однесување на Антонио Ридигер.
Германецот во „момент на лудило“, фрли пластично шише кон главниот судија, а потоа тргна и физички да се пресмета со него.
„Дон Балон“ објави дека во соблекувалната во кличн влегле Ридигер и капитенот на тимот Лука Модриќ.
„По натпреварот, двајцата играчи се судрија во соблекувалната, што резултираше со тепачка што мораа да ја прекинат другите играчи и членовите на тренерскиот штаб на Карло Анчелоти, кои зачудено гледаа што се случува“.
Хрватот го критикувал Рудигер за неговото однесување и му рекол дека е скандалозно тоа што направил, дека со неговото однесување го оцрнил грбот на Реал и дека тимот не загубил само поради судијата.
Иако Рудигер на почетокот бил бесен и го критикувал Модриќ за неколку работи, на крајот се освести и им се извинил на сите свои соиграчи и на тренерскиот штаб на клубот, а ден подоцна за однесувањето му се извинил и на судијата Де Бургос..
Германскиот дефанзивец се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Спорт
Мектомини соборува рекорди во Серија А

Головите на Скот Мектомини во победата на Наполи од 2:0 над Торино се покажаа како важни не само за тимот, туку и за него лично.
Играчот од средниот ред од почетокот на сезоната постигна 11 гола во Серија А и стана најефикасниот Шкотланѓанец во историјата на италијанското фудбалско првенство.
Претходниот рекордер беше легендарниот Денис Лоу, кој постигна десет гола во својата единствена сезона во Торино (1961/62).
Мектомини го сруши рекордот во 30. првенствен натпревар во својата дебитантска сезона со тимот на Наполи.
Шкотланѓанецот пристигна во Неапол минатото лето од Манчестер Јунајтед за 30,5 милиони евра и оттогаш доживува ренесанса.
Наполи моментално е лидер во Серија А и има огромна шанса да ја освои титулата оваа сезона. Во последните четири кола Наполи влегува со три поени повеќе од Интер.
Спорт
Едерсон си заминува од Сити, Гвардиола во Португалија најде нов голман

Манчестер сити сериозно е заинтересиран за 25-годишниот голман Диого Коста. Реконструкцијата која во Сити почна во јануарскиот преоден рок, по завршувањето на сезоната ќе продолжи и на голманската позиција.
Првиот голман на Сити, Едерсон, има сезона обележана со чести повреди, поради што Стефан Ортега Морено доби повеќе можности. Германецот бранеше добро, но по се изгледа тоа нема да биде довлно за да се избори за местото меѓу стативите.
Манчестер сити бара долгорочна замена за Едерсон, се чини дека сериозно ги засилија своите активности откако се појавија извештаи претходно оваа недела дека Коста се согласил да се пресели во Премиер лигата.
Според информациите на Санти Ауна од „Футмеркато“, иако Диого Коста има откупна клаузула од 60 милиони евра во неговиот актуелен договор со Порто. Португалците ја бараат оваа сума, која Сити ќе се обидат да ја намалат. Се шпекулира дека „граѓаните“ се подготвени да платат 40 милиони евра, колку што платија за Едерсон во 2017 година кога го доведоа од Бенфика.
Манчестер сити да има добри односи со челниците на Порто, особено откако успешно соработуваа во јануари кога Нико Гонзалес се пресели на „Етихад“.
Кога станува збор за Едерсон, медиумите пишуваат дека во овој момент интерес за неговите услуги покажале Баер Леверкузен и Нотингем Форест.