Спорт
Хетафе ја запре Барселона, Гави на противниците им посака да испаднат од Примера
Барселона, синоќа не успеа да го победи Хетафе. Натпреварот на „Алофонсо Перез Колосеум“ во Мадрид заврши 1.1.
Фрустриран од новиот кикс, играчот на Барселона Гави им посакал на играчите на Хетафе да испаднат од Примера.
Ова го тврди фудбалерот на Хетафе, Хуан Иглесијас.
На медиумкте Иглесијас им открил дека шпанскиот репрезентативец го кажал додека ја покривал устата со рака за да не можат камерите да го снимат она што го зборува.
„Воопшто не ми се допаѓа тоа што го направи. Мислам дека тоа не беше соодветно. Тој ја покри устата со раката и рече дека сака да испаднеме, да играме во Сегунда. Му реков дека ако е толкав мангуп кога ова го зборува, треба да ја тргне раката и да го каже тоа за сите да го слушнат. Тоа навистина не беше фер“, рече Иглесијас.
Медиумите во Шпанија пишуваат и дека на натпреварот со Хетафе, на кој неговиот тим освои само еден бод, Гави неколку пати ги провоцирал противниците.
„Кој си ти, кој си ти? Соберете се вие сте ужасен си”.
Хетафе моментално го зазема 16. место во Примера со 20 бодови од исто толку одиграни натпревари, што е само бод повеќе од Еспањол, кој е прв во опасната зона.
🎙️ Juan Iglesias, con @GemmitaSantos, en @tjcope
😳 "Gavi nos ha dicho 'A segunda, a Segunda'"
🫢 "Encima se tapaba la boca; yo le decía que si era tan mayorcito para decirlo, que se quitara la mano"
😤 "Es lo que más les hace rabiar, que nunca se llevan los 3 puntos de aquí" pic.twitter.com/gPEVf3bbNe
— Tiempo de Juego (@tjcope) January 18, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

