Спорт
Ниту еден тим во НБА не е како Никола Јокиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа нова победа на Флорида. Откако пред два дена славеа во Мајами, истото го направија и во Орландо. Нагетс го победија Орландо Меџик со 113.100.
Никола Јокиќ го предводеше тимот со трипл-дабл, 18 во сезоната и 148. во кариерата. Актуелниот МВп натпреварот го заврши со 20 поени, 14 скокови и 10 асистенции, во статистиката запиша и по три блокади и украдени топки. Јокиќ во финишот на третиот период имаше двоцифрени бројки во три статистички категории.
Импресивно е што српскиот центар има повеќе трипл-дабл учинок до четвртата четвртина од натпреварите оваа сезона (12) сите тимови во лигата.
🔔 Nikola Jokic in 30 minutes tonight
20 points (7-9 shooting)
14 rebounds
10 assists
3 steals
3 blocks
+20Shooting sleeve merchant pic.twitter.com/hGlUPM771U
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) January 20, 2025
Покрај Јокиќ одличен меч одигра Кристијан Браун, кој исто така постигна 20 поени. Двоцифрен ефект имаа и останатите играчи од првата петорка на Денвер: Џамал Мареј (19), Мајкл Портер Јуниор (15), Расел Вестбрук (12, шест скока, пет асистенции).
Резултати:
Милвоки Бакс – Филаделфија 123:109
Оклахома Сити Тандер – Бруклин Нетс 127:101
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 116:102
Портланд Трејлблејзерс – Чикаго Булс 113:102
Сакраменто Кингс – Вашингтон Визардс 123:100
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи и Манчестер јунајтед го следат Коло Муани

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен.
Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола против Ал-Аин.
Јувентус сака да ја продолжи неговата позајмица, но според „Лекип“, тој би можел да се соочи со конкуренција од Англија бидејќи Челзи и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.
Челзи го следи Коло Муани веќе долго време, додека неговите физички карактеристики се она што Јунајтед во моментов го бара. ПСЖ би претпочитал да реализира траен трансфер, иако би претрпел значителна финансиска загуба.
Коло Муани пристигна во ПСЖ од Ајнтрахт во 2023 година за околу 90 милиони евра, но 26-годишникот не ги оправда очекувањата. Неговата моментална цена наводно е околу 59 милиони евра.
Спорт
Милан ја одреди цената за Мората

Фудбалскиот клуб Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона.
Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.
„SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да се договори со Галатасарај за прекин на позајмицата.
Медиумите објавија дека Милан е заинтересиран за Мојсе Кен од Фиорентина. Фудбалерот има клаузула за откуп во износ од 52 милиони евра, која ќе биде активирана на 1 јули.
Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за тој италијански напаѓач.
Кен сезоната ја заврши во Фиорентина, постигна 19 голови и беше втор стрелец во Серија А.
Спорт
(Видео) Сити го декласира Ал Аин, реми меѓу Салцбург и Ал Хилал

Манчестер сити обезбеди пласман во нокаут фазата на клупскиот Мундијал во САД. Во второто коло тимот од Обединетите Арапски Емирати, Ал Аин со 6:0.
Натпреварот го обележа дебитантскиот гол на Клаудио Ечевери за Сити. 19-годишникот, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Ривер Плата, постигна прекрасен гол од слободен удар за 2:0.
Илкај Гундоан му донесе водство на Сити во осмата минута, предноста беше удвоена во 27-та минута, а на крајот од првото полувреме, Ерлинг Холанд беше прецизен од пенал.
Во последните дваесет минути, Сити постигна уште три гола, прво Гундоан во 73-та минута, Оскар Боб во 84-та минута и Рајан Шерки во 89-та минута.
Во Групата Г, Сити и Јувентус сега имаат по шест бода, додека Видад и Ал Аин немаат ниту еден.
Во текот на ноќта имаше се одигра и еден натпревар во Групата Б, немаше голови во пресметката помеѓу Салцбург и Ал Хилал и покрај фактот дека видовме вкупно 32 удари кон голот.
Ал Хилал беше поблиску до победата, но не успеа да дојде до неа. По две кола, Реал Мадрид и Салцбург имаат по четири бода, Ал Хилал два, а Пачука нема бодови. Во последното коло се среќаваат Реал и Салцбург, односно Ал Хилал – Пачука.