Македонија
Хуманоста и желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила, која компанијата „Зегин“ традиционално ја истакнува на Водици

Бог се јави, Навистина се јави!
Водици е денот кога водите стануваат лековити.
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 220 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава.
Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во светите води.
Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди на преку 70 општини во земјата.
Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.
Зегин им посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски пред матурантите: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во рамки на кампањата „Да ја подигнеме сообраќајната свест кај младите – 2025, на матурска вечер без автомобил“.
Ваквите кампањи традиционално ги организираат заеднички Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, со кои се насочува вниманието на потребата од безбеден сообраќај, значењето на човечкиот живот и доследното почитување на сообраќајните правила од сите учесници во сообраќајот и како пешаци и како возачи.
Пораката што ја пренесе министерот Тошковски до младите матуранти е дека безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и е обврска на сите нас.
„Немојте да си дозволувате да управувате возило и да бидете учесници во рамките на сообраќајот, а притоа да не ги почитувате правилата. Правилата се напишани и се создадени за да ги заштитат човечките животи. Ако сите ние при секое застанување на црвено, поминување на улица, при секое влегување во возилото, ги почитуваме правилата, верувајте ми дека сите овде ќе имаме подобар живот. Секој што се огрешил пред законот, а притоа има докази за тоа, ќе одговара. Никој не е и не може да биде над законот и правилата. Почитувајќи ги правилата, секој еден што го гледаме околу нас, ќе биде побезбеден во рамки на сообраќајот“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот на крај истакна дека само младите луѓе ја имаат енергијата, силата и знаењето да ја донесат позитивната промена на подобро за нашата убава Македонија.
Македонија
ДКСК: Постапките за утврдување лична одговорност не ја поткопуваат институцијата

Државната комисија би сакала да ја увери јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата
останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.
Од оваа институција, чијашто претседателка се сомничи дека одавала службена тајна на обинет, велат дека продолжуваат да работат независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат.
„Државната комисија уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност“, велат од ДКСК.
Како што додаваат, свесни се за важноста и значењето на довербата од јавноста, па затоа ќе продолжат да работат со највисока транспарентност и да соработуваат со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во рамките на ДКСК.
Македонија
Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка, пред протестот најавен за утре.
„Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“, велат од Обвинителството.