Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден што не се извинуваат – губат

СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат. СДС се единствено виновни што Артан Груби кој се најде и на црната листа на САД со години крадел и правел криминал. СДС имаше министер во МВР и судство и обвинителство под нивна контрола, иостакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога беше по волја на СДС судските одлуки личеа на партиските соопштенија, а кога не беше, ЈО не смееше да отвори ниту истрага. Еден од случаите каде МВР, ЈО и судот молчеа во време на СДС беше и Артан Груби.
СДС свесно дозволи Груби да ја краде државата, за да остане ден повеќе на власт.
СДС мора да се извинат за Груби. Затоа што да не беа тие, криминалот на Груби немаше да биде можен“, прецизира Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.