Македонија
Инсталиран новиот систем за компримиран воздух во комплексот-клиники
Министерството за здравство информира дека во целост се завршени монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух во комплексoт-клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз-електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема).

Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија во согласност со европската фармакопеја, изработена во согласност со европската директива 93/42/EEC.
Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух во комплексот-клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По завршувањето на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс за поврзување со другите корисници.

По спроведувањето на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

