Спорт
Реал е првиот клуб што заработил повеќе од милијарда евра во една сезона
Шпанскиот шампион и освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид стана првиот европски клуб кој заработил повеќе од милијарда евра во сезоната 2023/24. Податокот го објави „ Football Money League“, повикувајќи се на 28. годишен извештај на ревизорската консултантска куќа Делоит.
Со промет од 1,045 милијарди евра (претходната сезона заработи 831 милион евра), Реал имаше најголема заработка меѓу 20. најдобри европски клубови.
Според ревизорската и консултантска фирма Делоит, 20. најголеми клубови оствариле вкупни приходи од 9,2 милијарди евра во сезоната 2021/22. Делоит наведува и дека вкупниот приход на 20. најголеми клубови во сезоната 2023/24 е во однос на претходната сезона (10,5 милијарди евра) е зголемен за шест отсто, на 11,2 милијарди евра.
Зад Реал Мадрид се Манчестер Сити (838 милиони евра), ПСЖ (806), Манчестер Јунајтед (771) и Баерн Минхен (765).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

