Спорт
Сабаленка лесно ја победи Бадоса, Киз спаси меч топка и ја победи Швјонтек

Араина Сабаленка и Медисон Киз ќе се борат за трофејот на Австралија опен. Бранителката на титулата, Сабаленка во полуфиналето лесно се справи со Паола Бадоса, додека Киз по голема борба ја совлада Ига Швјонтек.
Најдобрата светска тенисерка во првото полуфинале ја совлада Паола Бадоса во два сета, за 90 минути резултатот беше 6:4, 6:2.
Шпанката имаше подобар старт во своето прво Грен слем полуфинале и откако спаси брејк во првиот гем, направи брејк во вториот гем. И тука некаде завршија нејзините надежи дека може да ја победи првата носителка.
Следуваше рибрејк, а потоа експресен брејк на следниот сервис на Бадоса, кога Сабаленка целосно го сврте мечот во своја полза. Вториот сет беше само формалностл. Сабаленка лесно стигна до двојна брејк предност, а потоа ја заврши работата на свој сервис, користејќи ја првата од трите меч топки.
Ова беше нејзина 33. победа во последните 34 натпревари на тврда подлога и ќе игра петто последователно финале на Грен слем кој се игра на бетон. Трет по ред во Австралија.
Американката Медисон Киз, десетина минути по полноќ, по локално време го оствари најголемиот успех во кариерата. Спаси меч топка, а потоа супер тај-брејкот го доби со 10:8
Киз, 19.носителка во Мелбурн, по два ќаса и 28 минути, ја победи втората фаворита со 5:7, 6:1, 7:6.
Фестивал на брејкови беше виден во првиот сет, вкупно седум. Последниот го направи Швјонтек во 12 гем и го освои сетот.
Во вториот, Киз ја декласира противничката и препушти само еден гем, по што изедначи на 1.1.
Драмата кулминираше во третиот сет. Киз пропушти брејкт топка во вториот гем, а потоа две во седмиот гем. Швјонтек не реализираше четири брејк топки во деветтиот гем.
Сепак тенисерката од Полска успеа во 11. гем да и го одземе сервисот на противничката. Во 12. дојде до меч топка, кој Киз ја спаси, поточно Швјонтек и ја подари со дупла сервис грешка. Откако Киз изедначи на 6:6 се влезе во супер тај-брејк.
Таму, Швјонтек константно имаше предност до 7:6, од тој момент Киз освои четири од последните пет поени и се пласира во финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Рашфорд одигра 33 минути на дебито за Барселона

Фудбалерите на Барселона го победија Висел Кобе со 3:1 во пријателски натпревар во Јапонија, а Маркус Рашфорд дебтираше за шпанскиот тим.
Рашфорд се приклучи на Барселона како позајмен играч од Манчестер јунајтед минатата недела. Англичанецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме.
Интересно е што тој одигра само 33 минути, сè до 78-та минута кога беше заменет од Дро Фернандес, кој го постигна третиот гол во 87-та минута.
Барселона поведе во 33-та минута кога Ерик Гарсија постигна гол, а Таисеи Мијаширо израмни десет минути подоцна.
Водството на Барселона го врати Руни Барги во 77-та минута, пред Фернандес да го постави конечниот резултат.
Натпреварот требаше да се игра на почетокот на неделата, но беше одложен бидејќи Барселона го обвини промотерот за сериозно прекршување на договорот.
Фото/ Принскрин
Спорт
Пјастри го победи Норис во Белгија

Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Белгија. До осмата победа во кариерата, Австралиецот дојде пред тимскиот колега, Кандон Норис, кој започна од пол-позицијата и возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Траката во Белгија доцнеше 76 минути поради силниот дожд, започна зад возилото за безбедност, а кога по два круга возачите добија дозвола да се тркаат, во првиот круг Пјастри го нападна Норис ја презеде лидерската позиција и победи.
До крајот на трката немаше возбудувања, Леклер успеа да се одбрани од Макс Ферстапен, кој немаше проблем со Џорџ Расел. Шестото место му припадна на Алекс Албон од Вилијамс.
Луис Хамилтон успеа од 18.место и старт од пит-стопот да дојде до седмата позиција.
Бодови во Белгија освоија Лијам Лосон (Рејсрнг Булс), Габриел Бортолето (Кик Заубер) и
Пјер Гасли (Алпин).
Пјастри по оваа трка ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Норис на 16 поени.
Наредната недела на програмата е Големата награда на Унгарија.
Фото/ Принскрин