Контакт

Свет

Трамп издаде итна наредба за две работи, веднаш стапуваат на сила

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на САД соопшти дека Мексиканскиот Залив е официјално преименуван во Американскиот Залив, додека планината Денали сега ќе се вика МекКинли.

dobivaj vesti na viber

„По наредба на претседателот, Мексиканскиот Залив сега и официјално ќе биде познат како Залив на Америка, а највисокиот врв во Северна Америка повторно ќе го носи името Мекинли“, се вели во соопштението.

Промените ќе стапат на сила веднаш, додека Одборот за географски имиња на САД работи на ажурирање на официјалната федерална номенклатура во Информацискиот систем за географски имиња.

Планината Денали (МекКинли) се наоѓа на Алјаска и е највисоката планина во Северна Америка. Именувана е во 1917 година во чест на претседателот МекКинли. Во 2015 година, администрацијата на претседателот Барак Обама го смени името на планината во Денали.

Претходно оваа недела, заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, рече дека ниту една земја не треба еднострано да ги менува воспоставените географски имиња без да се консултира со релевантните меѓународни тела.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум Пардо рече дека иницијативата на Трамп за преименување на Мексиканскиот Залив ќе се однесува само на континенталниот гребен на САД и дека Заливот ќе продолжи да биде глобално познат како Мексикански залив.

Свет

(Видео) Поплави во западниот дел на Франција: прогласен е црвен аларм

Објавено пред

На западот на Франција, денеска е прогласен црвен аларм откако бурата „Хермини“, која донесе обилни врнежи, предизвика поплави во Рен невидени во последните 40 години.

dobivaj vesti na viber

Црвениот аларм се однесува на департманот Ил-ет-Вилен и неговиот центар Рен, низ кој минуваат две реки. Ситуацијата може да се влоши во текот на денот. Општината отвори неколку спортски сали за луѓето кои немаат засолниште. Вчера попладне, според пожарникарите, превентивно биле евакуирани околу 400 лица.

„За жал, врвот на водениот бран сè уште не е пристигнат“, објави синоќа градоначалничката на Рен, Натали Апере, додавајќи дека „нивото на водата полека ќе се намалува, а веројатно не пред среда“.

Портокалова тревога е прогласена и во други департмани на западот на земјата, а портокалова тревога е прогласена на крајниот запад на Бретања поради заканата од високи бранови. Кризата вчера ја предизвика бурата „Хермини“, која пристигна по исклучително моќната бура „Еовин“, која го погоди Обединетото Кралство.

Северозападна Франција беше погодена од обилни врнежи и налети на ветер, а земјата веќе беше заситена со вода. Вчера невремето предизвика проблеми во возниот сообраќај во Бретања и Нормандија.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен дожд во Лос Анџелес, се зголемува ризикот од лизгање на земјиштето

Објавено пред

Областите во Калифорнија, кои неодамна беа погодени од шумски пожари, сега се соочуваат со лизгање на земјиштето и со кал предизвикани од обилните дождови.

dobivaj vesti na viber

Долготрајниот период на обилни врнежи предизвика загриженост за потенцијални лизгања на земјиштето во Малибу, Алтадена и други региони во текот на викендот, јавува „Си-би-ес њуз“.

Во неделата попладнето голем број мали одрони од кал предизвикаа затворање на патиштата во областите во близина на пожарот во Палисадес принудувајќи ги училиштата да бидат откажани денес во Малибу.

Свлечиштето оставило блокирани неколку автомобили, а жителите биле советувани да преземат мерки на претпазливост, да останат информирани за временската прогноза и за предупредувањата за итни случаи, да направат семеен план за итни случаи со одредена рута за евакуација и да имаат при рака радио на батерии и комплет за прва помош.

Прикажи повеќе...

Регион

Германски весник: Опасни петнаесет минути за Вучиќ, Србија веќе не е иста

Објавено пред

Новинарот Мајкл Мартенс, добар познавач на Балканот, во напис за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) оценува дека Александар Вучиќ се соочува со „најголемиот предизвик“ од доаѓањето на власт во 2012 година, кога неговата СНС почна да ја презема земјата.

dobivaj vesti na viber

Актуелните протести, и покрај разликите во деталите, потсетуваат на „народното востание“ кое го собори Слободан Милошевиќ во 2000 година, пишува Мартенс, пренесува Дојче веле.

Текстот не потсетува дека протестите почнаа по смртоносното уривање на настрешницата во Нови Сад и дека првичното тврдење на властите дека настрешницата не е реновирана се покажа како „лага“. Оттогаш, пишува Мартенс, 15 минутен молк се одржува низ цела Србија.

„Овие политички значајни петнаесет минути сè повеќе се појавуваат како закана за владата, особено што се поврзани со масовните демонстрации кои започнаа на универзитетите, но сега се зголемија над академските средини“.

Франкфуртскиот весник потсетува дека главното барање на демонстрантите е објавување на целосна документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, со која, убедени се, ќе докаже дека СНС е во центарот на корупцијата. „Српскиот премиер Милош Вучевиќ, помошник на претседателот Вучиќ, во неделата најави дека барањето ќе биде исполнето. Но, владата го вети тоа и претходно и не го исполни“, пишува Мартенс.

Опишувајќи го „контрамитингот“ во Јагодина, новинарот забележува дека критичарите на власта тврдат дека таму имало само принудени лица, вработени во јавни претпријатија и социјални случаи. „Сепак, Вучиќ сè уште е поддржан од дел од општеството“, пишува Мартенс. „Тоа се луѓе кои се донекаде задоволни од економскиот развој и на кои не им пречи, па дури и не уживаат во се посилниот националистички тон на владата – такви луѓе има во Србија, особено кај постарата генерација.

Нејасно е, продолжува ФАЗ, дали и како политичката енергија на протестот ќе прерасне во постојана партиски релевантна опозиција. „Студентите засега свесно се држат настрана од сите опозициски партии. Се организираат на секој факултет по принципот на основна демократија со завидна дисциплина“, пишува Мартенс.

„Но, ако протестите не доведат до пад на владата како на 5 октомври 2000 година, останува отворено како незадоволството ќе се консолидира и ќе стане парламентарно ефективно.

Се додава и мислењето на многу демонстранти дека во Србија е укинат просторот за партиски ангажман бидејќи СНС ги контролира Регулаторното тело за електронски медиуми, изборните комисии, судството. „Меѓутоа, ако парламентарната опција како инструмент за политички промени е отфрлена, тогаш останува само народниот револт – и „Вучиќ не покажа само преку контра митинг дека нема да ја предаде власта без борба“, вели Мартенс.

Тоа потсетува на заканата на Вучиќ за Кобра, специјална полициска единица. Ова ги покажува, пишува Мартенс, разликите во однос на Милошевиќ.

„На крајот безбедносните сили му свртеа грб на тогашниот српски владетел. Во денешна Србија тоа засега не е така. Исто така, во споредба со Србија на Милошевиќ, која беше економски исцрпена и изолирана со санкции, денес таа балканска земјата стои донекаде солидно, а невработеноста е мала“.

Затоа, пишува Мартенс, следните недели во Србија ќе бидат возбудливи. „Земјата повеќе не е иста како пред несреќата во Нови Сад. Но, се уште не е одлучено дали протестите трајно ќе го разнишаат системот на владеење на Вучиќ, анализира медиумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На...

Регион3 часа

(Фото) Директен судир на два автобуса кај Белград, двајца загинати, десетици повредени

Во сообраќајна несреќа, што утрово околу 6.20 часот се случила на обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два...

Скопје4 часа

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува...

Македонија5 часа

„Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата ‘Пановски’“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Вештачката криза што се...

Македонија5 часа

Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта, велат од „Влен“

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ...

Европа5 часа

(Видео) Лукашенко за противниците: Некои се во затвор, други во егзил, секој има право на избор

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија...

Европа6 часа

(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека...

Европа6 часа

Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина

Русија вчера соопшти дека нејзините војници зазеле стратешки важен град во источна Украина како дел од кампањата за слабеење на...

Свет7 часа

Колумбија попушти, Трамп веднаш ги укина санкциите

Соединетите Држави нема да продолжат со воведување царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати – без ограничувања...

Европа7 часа

Лукашенко: Се договоривме со Путин, „Орешник“ ќе го добиеме во следните неколку дена

Белорускиот лидер Александар Лукашенко рече дека очекува Русија многу брзо да распореди Орешник, нејзината нова балистичка ракета со среден дострел,...

Регион7 часа

(Видео) Србите ги поддржаа студентите со свирежи и удирање во тенџериња: „Врева против диктатурата“

Граѓаните во Белград, вчеравечер, во 20.05 часот, излегоа на прозорците и терасите од своите домови со свирежи, тенџериња, труби и...

Топ22 часа

Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар

Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар....

Топ1 ден

Тешка сообраќајка на „Илинденска“ во Скопје, возач со автомобил удри во канделабра

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра. Како што информираат од МВР синоќа во 23:30...

Македонија1 ден

Зимските ски-центри под лупа на АХВ, утврдени се неправилности кај еден оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските...

Свет1 ден

(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво

По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел....

Македонија1 ден

Маглата направи проблеми во авионскиот сообраќај, се откажуваат и пренасочуваат летови

Скопскиот аеродром се соочи со значителни проблеми во авионскиот сообраќај во последните 24 часа, а причина за тоа е густа...

Македонија1 ден

Ја следел додека пазарела во трговски центар во Скопје, па се обидел да ја силува

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна...

Македонија2 дена

Клековски: Не сум виновен за хаосот што го остави СДСМ, нема да поднесам оставка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањето на СДСМ,...

Македонија2 дена

Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите

Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а...

Топ2 дена

(Фото) Уапсени двајца полицајци во Битола, кај нив се најдени тајни документи, оружје и 20.000 евра

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени...