Спорт
(Видео) Борнмут со петарда го испрати Нотингем, хет -трик на Аутара
Фудбалерите на Ливерпул беа убедливи во 22. коло од Премиер лигата, очекувано славеа над Ипсвич, Арсенал со многу мака дојде до три гбода Волвс (1:0) и продолжи шампионската трка меѓу.
Секоја чест за лидерите, но Борнмут го обележа ова коло. Избраниците на Андони Ираола во саботата попладне како од шега и дадоа пет гола на втората најдобра одбрана во лигата, Го победија Нотингем Форест со 5:0 и ја продолжија својата неверојатна резултатска серија.
Триумфот против „шумарите“ беше седми во последните 11 натпревари за „црешите“ кои се непоразени во таа серија.
Последниот пораз на Бурнмаут беше на 23 ноември против Брајтон на домашен терен.
Првите два гола беа брилијантни, погодија Клајверт во деветтата и Аутара во 55.минута. Потоа Аутара комплетираше хет-трик со головите во 61. и 87.минута, а точка на мечот во 91.минута стави Семењо.
Резултати:
Вулверхемптон – Арсенал 0:1 (0:0)
Карфиорил 74
Ливерпул – Ипсвич 4:1 (3:0)
Собослај 11, Салах 35, Гакпо 44, 66 – Грејвс 90
Брајтон – Евертон 0:1 (0:1)
Ендиај 42.п
Саутемптон – Њукасл 1:3 (1:2)
Беднарек 10 – Исак 26п, 30, Тонали 51
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кимих: Не можам секои три дена да го повторувам истото
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд изјави дека е сигурен дека Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува германски „Скај Спорт“.
Актуелниот договор на Кимих со клубот од Минхен истекува на 30. јуни оваа година, поради што се појавија информации дека ќе се пресели во Реал.
„Сигурен сум дека Кимих ќе одлучи да продолжи да игра за Баерн“, изјави спортскиот директор на клубот од Минхен, Фројнд.
Кимих во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг.
„Јас дадов јасна изјава пред две недели. Ситуацијата не е променета. Искрено, не можам да давам нови информации на секои три дена. Во одреден момент ќе има некои вести, но нема да ги коментирам на секои три дена“, рече Кимич, очигледно алудирајќи на неговата изјава дека најмногу би сакал да остане во својот сегашен клуб.
Спорт
Талиска се договорил со Фенербахче
Бразилскиот фудбалер Андерсон Талиска го договорил трансферот во Фенербахче. Талиска е поранешен играч на Бешикташ, во Фенербахче доаѓа од Ал Наср.
Талиска седум години не играше во Европа, прво играше во Кина, а потоа се пресели во во Саудиска Арабија.
Жозе Мурињо тренерот на Фенербахче инсистирал трансферот да биде реализиран.
Талиска во претходниот период го немаше во составот, што само покажува дека сакал да се пресели во друг клуб.
Фенербахче по 20 одиграни натпревари во првенството на Турција се наоѓа на второто место со шест бода помалку од лидерот Галатасарај.
Спорт
Иванишевиќ е еден од кандидатите за нов тренер на Синер
Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите за иден тренер на најдобриот светски тенисер Јаник Синер. Ова го пишува „Газета дело Спорт“, потсетувајќи на успешната соработка помеѓу Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ и фактот дека актуелниот тренер Австралиецот Дарен Кејхил го напушта Синер на крајот од сезоната.
Горан Иванишевиќ, кој неодамна се раздели од Елена Рибакина, моментално е слободен агент. Поранешниот шампион на Вимблдон би можел значително да го подобри сервисот на Синер, како што тоа го правеше во годините на работа со Новак Ѓоковиќ.
Иванишевиќ беше клучен во претворањето на сервисот на Новак во моќно оружје. Плус, тој е дел од истата агенција како Синер, „Старвинг Спорт“ што ја олеснува потенцијалната соработка.
Да потсетиме, ова не би било првпат Синер да ги „превзема“ поранешните членови на тимот на Ѓоковиќ, бидејќи во својот тим веќе донесе двајца поранешни соработници на Новак.
Тоа се фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бади.
Покрај Горан Иванишевиќ како можни тренери на Синер се споменуваат Андре Агаси (кратко работеше со Ѓоковиќ) и поранешниот италијански тенисер Андреа Сепи.