Црна хроника
Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка
Вчера во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат В.В.(59) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со бензин запалил паркирано возило: уапсен прилепчанец
СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп.
Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп.
По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.
Црна хроника
Полицаец при преглед на автоматска пушка испукал куршум во таванот
Вчера во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници.
Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Црна хроника
Полицаец повреден при изведување на вежба
Полицаец бил повреден за време на вежба.
Имено вчера во 13.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека околу 13.15 часот во касарна Ѓорче Петров, при изведување на вежба со повреда на ногата се здобил еден полициски службеник и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.