Спорт
Антонели положи возачки испит непосредно пред дебито во Формула 1

Андреа Кими Антонели го положи возачкиот испит само шест недели пред неговото деби во Формула 1, во болидот на Мерцедес.
Младиот возач лани во август наполни 18 години, со што ја исполни старосната граница за добивање возачка дозвола во Италија.
Антонели го замени седумкратниот шампион Луис Хамилтон во германскиот тим, што покажува колкава доверба има во него извршниот директор, Тото Волф.
Поранешниот возач на тимот на Према Ф2 напиша на социјалните мрежи „успешна мисија“, а Мерцедес му честиташе објавувајќи негова фотографија во возилото на автошколата.
Момчето од Болоња веќе извозе неколку илјади километри на патеките на Формула 1, тестирајќи го болидот во подготовка за неговата дебитантска сезона.
Андреа Кими Антонели ќе помине три дена во Бахреин од 26. до 28. февруари на официјално тестирање, заедно со тимскиот колега Џорџ Расел.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март во Австралија.
Super Licence ✅
Driving Licence ✅Complimenti Kimi 👏 pic.twitter.com/P4PDDmXMIr
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) January 28, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Керкез потпиша за Ливерпул: После ова одам во мојот роден град

Милош Керкез официјално е фудбалер на Ливерпул. Тој потпиша договор со шампионите на Англија и истакна дека едвај чека да започне авантурата на Енфилд.
Левиот бек потпиша петгодишен договор, со што го комплетираше трансферот од Борнмут во Ливерпул вреден 47 милиони евра.
– Чест и привилегија е да се игра за еден од најголемите клубови во светот и најголемиот во Англија. Навистина сум многу среќен и возбуден – рече Керкез.
Унгарскиот репрезентативец роден во Врбас ги откри своите понатамошни планови.
– После ова, си одам дома во мојот роден град, да уживам неколку дена. А потоа доаѓам да тренирам и да се подготвам за новата сезона. Едвај чекам.
Минатата сезона Керкез играше во Борнмут и на 41 натпревар постигна два гола и запиша шест асистенции.
Спорт
Луис-Скели потпиша нов договор со Арсенал

Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор.
18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона.
Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари.
Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација.
Својот прв настап за Англија го круниса со гол против Албанија.
Спорт
(Видео) Шортс ги избриша солзите, па премина во Панатинаикос

Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција.
„Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна 27-годишниот Шортс откако ги избриша солзите.
Merci pour tout @TjShorts5 🐐🙏
Le club te souhaite le meilleur dans la suite de ta carrière 🖤❤️💙 pic.twitter.com/ZMcZkf5K98
— Paris Basketball (@ParisBasketball) June 26, 2025
Шортс откри дека се консултирал со својот агент и семејството пред да одлучи кога е вистинско време да го напушти Париз и да проба нешто ново.
Тој го издвои освојувањето на Еврокупот како свој омилен момент во клубот, а Шортс се стреми кон поголеми цели – стана член на Панатинаикос, и помина долго време пред да биде објавен тој трансфер.
Атинскиот гигант донесе член на идеалната петорка на Евролигата за минатата сезона за две сезони, а грчката SDNA тврди дека договорот нема клаузула за „излегување од НБА“ за ова лето.
Офанзивниот арсенал на „зелените“ стана многу помоќен со доведувањето на човек кој бележеше просек од 18,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар во натпреварите од Евролигата со 2,7 скока и 1,1 украдени топки, а ќе биде интересно кога ќе биде спарен со Кендрик Нана, најкорисниот играч на елитното континентално натпреварување минатата сезона.
Парижаните ќе го паметат Шортс по споменатиот Еврокуп 2024, но и по освојувањето на првата титула национален шампион во кратката историја на клубот по победата над Монако со 3:2 во финалната серија.
Тимот предводен од турскиот стручњак Ергин Атаман минатата сезона важеше за „супер тим“, но не успеа бидејќи го испушти финалето на Евролигата и титулата во грчкото првенство, но го освои домашниот Куп.