Спорт
Десниот бек на Црвена звезда се сели во Фенербахче
Десниот бек на Црвена звезда Огњен Мимовиќ се сели во Фенербахче, кај тренерот Жозе Мурињо.
Минатата недела, спрските медиуми тврдеа дека Мимовиќ кариерата ќе ја продолжи во Сент Етиен, но според овие извори турскиот тим понудил подобри услови, како за клубот, така и за играчот. .
Црвена звезда ќе инкасира 8,7 милиони евра, како и 10 отсто од следната продажба на 20-годишникот.
Фенербахче на Мимовиќ му понуди три пати поголема плата од Сент Етјен. Фудбалерот во четврток ќе потпише четиригодишен договор со Фенербахче.
Мимовиќ за Црвена звезда одигра 33 наврати, вечерва против Јанг Бојс во Лигата на шамионите ќе го одигра 34. натпревар во црвено-белиот дрес, постигна еден гол и забележа три асистенции.
Дресот на Фенербахќе го носат сонародниците на Мимовиќ, искусните Душан Тадиќ и Филип Костиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серхио Рамос седум месеци бараше клуб, го најде во Мексико
Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, кога му истече договорот со Севилја.
Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од Монтереј.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на мексиканскиот клуб.
Тренер на Монтереј е Мартин Демикелис, кој бараше засилување поради повредата на Карлос Салседо.
Овој клуб моментално го зазема 13-тото место во мексиканската Клаусура со три бода по три одиграни натпревари.
Рамос во новото опкружување ќе го пречекаат поранешните соиграчи Лукас Окампос и Оливер Торес со кои играше во Севилја, а во клубот е и поранешниот играч на Бетис, и Серхио Каналес.
Спорт
Алваро Мората ќе го напушти Милан, се сели во Галатасарај
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти Милан на крајот од зимскиот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо.
Малку изненадувачки ако се земе предвид дека Алваро Мората беше првиот напаѓач на Милан оваа сезона, но новиот тренер Серж Консеисао има поинаква визија за тоа како треба да изгледаат „росонерите“.
Поранешниот напаѓач на Јувентус, Челзи, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е во преговори со Галатасарај и се очекува да го реализира трансферот во наредните денови. Таму ќе ја формира напаѓачката двојка со Виктор Осимхен.
Милан не би го пуштил да си оди доколку не го гледаат оптимизмот во разговорите со Феенорд и Сантијаго Хименез кои сигурно ќе облече дресот на клубот од „Сан Сиро“.
Холандскиот клуб дава отпор во последно време, но информациите од Италија говорат дека Златан Ибрахимовиќ ќе тргне во целосна офанзива за да го донесе Мексиканецот.
Менаџерката на фудбалерот, Рафаела Пимента, го известила Феенорд дека тој сака да ја продолжи кариерата во Италија и се надева дека сите страни ќе сакаат што поскоро да се реши ситуацијата. Сепак, Феенорд игра во Лигата на шампионите и им треба и замена.
Кога станува збор за Мората, тој заминува по само половина година. На 26 натпревари досега постигна шест гола и забележа две асистенции.
Спорт
Педри го продолжи договорот со Барселона
Првотимецот на Барселона, Педри, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се вели дека Педри го продолжил договорот со Барселона во присуство на претседателот на клубот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
Финансиските детали од договорот не беа откриени. Педри (22) пристигна во Барселона во 2019 година од Лас Палмас. За Барселона одигра 174 натпревари и постигна 24 гола.
За шпанската репрезентација одигра 30 натпревари и двапати постигна гол. Со Шпанија го освои Европското првенство во 2024 година во Германија.