Македонија
Лимани во посета на Гостивар: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања
Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на неколку институции од социјална и детска заштита во Општина Гостивар.
Заедно со градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани го посетија Центарот за аутизам „Blue puzzle“, со цел донација на хуманитарни пакети од граѓанската организација АДРА.
Приказната за основањето и грижата за децата со аутизам на „Blue puzzle” е восхитувачка и никого не остава рамнодушен. Група родители соочени со предизвикот со аутизам дијагностициран кај нивните деца започнуваат една навистина предизвикувачка мисија да создадат ваков центар со највисоки стандарди за третман и терапија на деца со аутизам.
Министерот Лимани уште еднаш ја потврди целосната поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
До денес во системот на социјалната заштита имаме околу 133 лиценцирани даватели на социјални услуги, кои овозможуваат на корисниците да водат независен живот и можност да се вклучат во општеството на еднаква основа.
Донација од хуманитарни пакети од организацијата АДРА, беа донирани и во Дневниот центар за лица со телесна и интелектуална попреченост во Гостивар, каде што на дневна основа услугата ја користат 10 деца.
Проактивноста на општините е од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Општина Гостивар аплицираше и доби грант за проширување на капацитетите на детски градинки, односно адаптирање на просториите во други просторни услови, што го овозможува Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Светска банка. Конкретно, две училници во основното училиште „Браќа Гиновски“ ќе бидат адаптирани за групи на деца од предучилишна возраст, со капацитет од вкупно 60 деца.
Во моментов, Oпштина Гостивар аплицира за изградба на нов објект во рамките на детската градина „Детска радост“. Во тек е обезбедување на потребната документација и исполнување на сите правни услови за овој проект да ја добие финансиската поддршка од Министерството.
Министерот Лимани искажа особено задоволство што можеше да соопшти дека ЈУ Детска Радост, Гостивар, објект Цветови доби согласност за 10 нови вработувања. Се разговараше и за измените на Законот за детска заштита, со кој се откочува процесот на лиценцирање и се овозможува покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо тие да се добиваат и на албански, понатаму и испитот ќе се полага и на албански јазик, односно на јазикот на кој зборуваат 20% од граѓаните во Северна Македонија. Затоа што сите граѓани се подеднакво важни!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

